| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата
„Реконструкцијата ќе биде прва од овој тип од неговото градење.  До неодамна беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше.“
Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата
Следната недела почнува реконструкција на охридскиот аеродром, првпат од изградбата / Other

Следната недела почнува реконструкција на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, прва од неговата изградба - најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според Николоски, преземени се активности и аеродромот е легализран, што, истакнува, беше тежок процес.  

„Реконструкцијата ќе биде прва од овој тип од неговото градење.  До неодамна беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата еден од двата аеродрома да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но тоа е завршено и следно е реконструкцијата, што ќе донесе повеќе летови  и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис-делот да доаѓа во Скопје“, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот на ТВ „Сител“, соопшти Министерството за транспорт. 

Николоски потсетува дека се работи на договор во авиосообраќајот со Саудиска Арабија и оти очекува да се воспостави директна линија меѓу двете земји. - Веќе поминавме протокол за договор со Саудиска Арабија, очекуваме следниот месец да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми - рече Николоски оценувајќи дека авиосообраќајот се развива значително во изминатата една и пол година и оти се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови