| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
„Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција (Туркије) за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес“, потенцира Мицкоски.
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер / AA

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Палатата Долмабахче во Истанбул.

Според објавата на премиерот Мицкоски, на средбата била потврдена „традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.“

„На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.  Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната“, вели Мицкоски.

Како што истакнува, тој ја нагласил „важноста на Турција (Туркије) како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.“

„Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција (Туркије) за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес“, потенцира Мицкоски.

Додаде дека во рамки на разговорите биле разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

„Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува“, наведе Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови