Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 13.10.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 4,142 %, кај дизелот има зголемување за 2,966 %, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,465 % и кај мазутот има исто така зголемување од 4,416 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1648 %.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 денaри за литар кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Според одлуката на РКЕ, од 20.10.2026 година од 00:01 часот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по најмногу 96 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 98 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 99 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 110,50 денари за литар.
Промена има кај мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 2,145 денари за килограм и ќе изнесува 53,579 денари за килограм.
Собранието денеска во рамки на 126. пленарна седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци заради можноста за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.
Со одлуката кризната состојба се продолжува до 20 април 2027 година.




























