| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви
Пред сите нас е фундменталното прашање, дали навистина животот е неприкосновен како што гарантира членот 10 од Уставот- дали ова важи за Рамајана, Росица, Ивана и малата Катја, праша претседателкатана собраниска седница посветена на Денот на жената
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви
Таа истакна дека шокира фактот дека во 2025. имало над 4 илјади пријави за семејно насилство и 6 случаи на убиство, а годинава веќе четири фемициди / Others

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената.

„Долго се думев дали има смисла да зборувам по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траорна атмосфера по смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за резолуции, за закони за заштита и превенција од семејно насилство па дури и за измени на кривичниот законик“, рече Сиљановска Давкова.

Таа вели дека е тешко секој 8 Март да се бројат нови жртви, да се дебатира за политики, да се усвојуваат стратегии посочувајќи ги речиси истите резултати на непреземени мерки и активности.

„И овој 8 март непосредно по несфатливата смрт на Ивана и Катја тешко ми е да го доживеам како ден на жената. Симболиката на празникот како да се губи во мракот на неприфатливата реалност. Пред сите нас е фундменталното прашање, дали навистина животот е неприкосновен како што гарантира членот 10 од Уставот. Дали ова важи за Рамајана, Росица, Ивана и малата Катја?“, праша претседателката.

Таа истакна дека шокира фактот дека во 2025 година имало над 4 илјади пријави за семејно насилство и 6 случаи на убиство, а во два месеци од 2026 веќе четири случаи на фемицид.

Според неа, овие алармантни бројки се слика на општество во кое е загрозено основното човеково право-правото на живот.

„Се чини дека клучен момент е оној на пријавувањето. Ако жената се соочи со човек којшто ѝ влева разбирање, поддршка, сигурност и надеж, таа ќе се охрабри да се избори за себе, ама ако биде пречекана од профил, за кој навредувањето и тепањето се дел од заедницата, ќе се посомнева во ефектите од преземениот чекор и ќе трпи. Затоа, обучените и сензибилизираните полицајци, социјални работници и судии се активни спасители или пасивни соучесници во делото! Зарем не сфативме дека фемицидот не е ненадеен излив на бес туку крај на долг мачен процес на психолошки притисок, страв и торутра. Крајно време е да престанеме пост фестум да тагуваме наместо навреме да споречуваме и санционираме и да се радуваме со потенцијално спасени жртви“, рече Сиљановска Дакова.

Таа праша како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали.

„Како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали? Зошто системот на социјална заштита, полицијата, обвинителството и судството не реагираат навреме? До кога ќе ги менуваме законите, наместо оние што не ги применуваат“, праша претседателката.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови