| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски: Очекувам проблемот на превозниците да се реши, со ЕК за ова се разговара од септември
Очекувам деновиве да се слушнеме со претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот да ја ставиме на маса, изјави македонскиот премиер
Мицкоски: Очекувам проблемот на превозниците да се реши, со ЕК за ова се разговара од септември
Возачите на камиони од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и денес продолжија со блокадите на граничните премини за товарен сообраќај / AA
27 јануари 2026

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да се надмине проблемот на македонските превозници, кои од вчера, заедно со транспортерите од Западен Балкан, ги блокираат граничните премини барајќи да се измени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Тој денеска изјави дека ова прашање е отворено уште од септември со Европската комисија и дека задолжен да разговара е министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, исто како што со ЕК досега се разговарало и за други проекти што се во интерес на граѓаните.

„Барем од она што е последна најава, очекувам ова да се реши. Јас вчера побарав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, таа е службено отсутна во Индија. Очекувам деновиве да се слушнеме и повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот повторно да ја ставиме на маса. ЕУ си има шенген-механизам до кој се држи и ние сега бараме варијанта како да им излеземе во пресрет на транспортерите“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при работната посета на општина Гази Баба.

Возачите на камиони од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора и денеска продолжија со блокадите на граничните премини за товарен сообраќај.

Откако претходниот ден ги блокираа излезите, од полноќ почна и блокада на влезовите во овие земји од Западен Балкан.

Возачите ги блокираат товарните терминали поради заострените процедури за влез во Шенгенскиот простор. Тие наведуваат дека процедурите сега се покомплицирани и дека им го скратуваат дозволениот престој во земјите на Унијата.

Бараат престојот во Европска Унија да им биде зголемен на четири месеци, наместо досегашните три месеци во период од шест месеци.

Најавуваат дека блокадите ќе траат седум дена доколку претходно не се најде решение.

Портпаролот на Европска комисија, Маркус Ламерт, на 26 јануари изјави дека европските институции размислуваат и работат на пронаоѓање опции кои би овозможиле одредени професионалци, меѓу кои и возачите на камиони, да престојуваат на територијата на Шенгенската зона подолго отколку што тоа го дозволуваат важечките шенгенски правила.

Повеќе
Турскиот претседател отпатува за Саудиска Арабија
Втора група Палестинци пристигна на преминот Рафах откако беше повторно делумно отворен
Бил и Хилари Клинтон се согласиле да сведочат во истрагата за Епштајн
Превозниците од регионот денеска на состанок со ЕК за решението околу престојот во Шенген зоната
Мерц: Европа да стане „понезависна“ во услови на глобални превирања
Новиот претседател на Хондурас ќе се сретне со Трамп
Киев и Харков под жестоки руски удар по неколкудневниот прекин на нападите
Колумбиската претседателка Родригез се сретна со американската претставничка Догу
Норвешкиот премиер го отфрла тврдењето на Трамп дека САД не добиваат ништо од НАТО
Палестинец убиен во израелски напад во Газа и покрај прекинот на огнот
Нетанјаху го нападна технократскиот комитет во Газа за употреба на логото на Палестинска самоуправа
Дрон се урнал во близина на полско воено складиште за оружје
Пезешкијан му наложил на шефот на дипломатијата да продолжи со фер и правични преговори со САД
Ердоган: Туркије ги поздравува чекорите што ги поддржуваат мирот и стабилноста во Сирија
САД и Индија ги намалија реципрочните тарифи од 25 на 18 проценти