| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
„Планот е резултат на широк и транспарентен процес, во кој учествуваа институции, експерти, академската заедница, приватниот сектор и меѓународни партнери.“
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030 / Reuters

Владата го усвои интегрираниот национален план за енергија и клима 2025 - 2030 - стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската заедница и европската регулатива.

„Со вкупно 61 конкретна мерка, планот опфаќа 26 мерки за декарбонизација; 20 за енергетска ефикасност; три за енергетска безбедност; 11 за внатрешен пазар на енергија; и една за истражување, иновации и конкурентност. Фокусот е јасен - намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на обновливите извори на енергија и значително подобрување на енергетската ефикасност“, соопшти МЕРМС.

Во наредниот период, се наведува во соопштението, државата ќе преземе конкретни чекори за засилени инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија, воведување систем за цена на јаглерод во согласност со европските стандарди, развој на складирање енергија и модерна енергетска инфраструктура, постепено напуштање на јагленот како енергент. Паралелно, се зајакнува енергетската безбедност преку диверзификација на изворите, регионална соработка и нови интерконекции, како и понатамошна либерализација и интеграција на пазарот на електрична енергија.

„Планот е резултат на широк и транспарентен процес, во кој учествуваа институции, експерти, академската заедница, приватниот сектор и меѓународни партнери. Во неговата подготовка се вградени и препораките на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и најновите европски политики. За документот е спроведена и стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, која ги анализира ефектите врз воздухот, водите, почвата, биодиверзитетот, климатските промени и здравјето на граѓаните. Извештајот е прифатен од надлежните институции по спроведени јавни расправи и консултации, вклучително и со соседните држави“, прецизираат од МЕРМС.

Нагласуваат дека со имплементацијата на планот се очекува значително подобрување на квалитетот на животната средина, поголема енергетска стабилност и независност, нов инвестициски циклус во енергетиката, забрзана зелена транзиција и економски развој.

„Овој документ е јасна визија за енергетската иднина на државата, во која одржливоста, иновациите и европските стандарди стануваат реалност“, велат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови