| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Силјановска-Давкова: Македонската армијата е компатибилна и почитувана и дома и надвор
Претседателката посочи дека застапеноста на жените во Армијата е речиси 24% и дека целта е да достигнат 30%, а најави залагање за формирање „национален центар за извонредност на жените во Армијата“, кој може да прерасне и во регионален центар
Силјановска-Давкова: Македонската армијата е компатибилна и почитувана и дома и надвор
Началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски реферираше за степенот на опременост на Армијата и нивото на борбената готовност / Others
29 јануари 2026

Македонската армија е еден од најстабилните и најдоверливите столбови на државата и значаен фактор на регионалната и колективната безбедност, изјави претседателката и врховен командант, Гордана Силјановска‑Давкова откако началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, реферираше за реализираните активности во 2025 година, степенот на опременост на Армијата и нивото на борбената готовност.

„Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана не само дома туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, и мојата поддршка. Јас имам што да бранам, што да фалам, што да заштитувам и имам во што да верувам“, истакна претседателката по долгото реферирање.

На состанокот на кој присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, генералите од Армијата и претставници од кабинетите на претседателката и министерот, Силјановска-Давкова посочи дека долгиот состанок не е случаен, туку ја изразува сериозноста на Армијата, при што детаљната презентација потврдила дека Армијата, како што рече, ужива највисок углед во државава.

Претседателката посочи дека високата доверба на партнерите се гледа преку учествата во меѓународните мисии и големите вежби нагласувајќи дека годинава имавме на Криволак учество од 2.000 учесници.

Како посебно значаен момент од денешната презентација Силјановска‑Давкова ја истакна и, како што ја рече, силата на воената дипломатија, при што додаде дека нема мисија во која ние не сме биле оценети извонредно не само регионално туку и пошироко. Таа ја посочи одличната соработка со армиските структури на Грција и на Бугарија како пример за ефективна воена дипломатија.

Во однос на буџетските издвојувања за одбраната, претседателката нагласи дека во планирањето се забележува извонредна селектираност и квалитативна и стратешка рамка.

Во контекст на партнерствата, Силјановска‑Давкова рече дека станало јасно зошто сме почитуван стратешки партнер на Соединетите Американски Држави посочувајќи дека најголем дел од активностите се со нив, но и дека исто толку активности имаме и со ЕУ-партнерите. Таа ја повтори својата позиција дека пристапот треба да биде не или-или, туку и-и“.

Осврнувајќи се на застапеноста на жените во Армијата, претседателката посочи дека нивното учеството е речиси 24 отсто и дека целта е да достигнат 30 проценти.

Притоа истакна дека застапеноста е поголема во офицерскиот состав одошто во подофицерскиот и дека е потребно зголемување на подофицерскиот контингент. Таа најави залагање за формирање „национален центар за извонредност на жените во Армијата“, кој може да прерасне и во регионален центар.

Како што соопштија од ГШ на АРМ, генералот Лафчиски истакнал дека Армијата е подготвена целосно да ја изврши својата уставна улога – одбрана на Републиката, заштита на територијалниот интегритет и независноста и исполнување на националните и меѓународните обврски, меѓу кои и придонесот во колективната одбрана, меѓународните операции и заштитата на националните интереси.

Повеќе
Христијаните го слават празникот Велигден
EEС системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Сиљановска-Давкова: Во одредени сегменти сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
Никола Стојов од кочанско Оризари, млад чувар на традицијата со изработка и свирење на гајди
САД најавија техничка и финансиска помош од 5 милиони долари за јакнење на кибербезбедноста
Грција ќе ги забрани социјалните медиуми за деца под 15 години од следната година
Муцунски: Стратешкиот дијалог со САД ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
7 април - Светски ден на здравјето 2026
„Заедно за здравје. Бидете на страната на науката “
ЕУ почнува преговори за укинување на роаминг-трошоците за Западен Балкан
Сиљановска Давкова: Климатските промени веќе не се закана, туку реалност
Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
Студенти протестираа во Скопје, бараат полагање на правосудниот испит и на албански јазик
Грција купува израелски ракетни системи ПУЛС во вредност од 758 милиони долари
Ново поскапување на дизелот, намалена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Бугарија се соочува со зголемени притисоци од дефицитот, предупредува фискалниот совет
Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија
Пронајден експлозив кај гасоводот меѓу Србија и Унгарија, Вучиќ разговарал со Орбан
Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Како е да се биде контролор на летање?
Македонка на Оксфорд работи на откривање на лек за дијабетес