| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Сали: Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани преку конкретни резултати
Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали во Брисел се сретна со европската комесарка за проширување, Марта Кос, со која разговарале можностите што ги отвора новиот пристап на Европската Унија кон проширувањето
Сали: Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани преку конкретни резултати
Европската интеграција треба да биде процес што граѓаните го гледаат, го чувствуваат и од кој имаат придобивки, истакна Сали

Вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, рече дека Европа треба да биде поблиску до граѓаните на Северна Македонија преку конкретни резултати.

Сали во Брисел се сретна со европската комесарка за проширување, Марта Кос, со која разговарале за европската иднина на земјава и можностите што ги отвора новиот пристап на Европската Унија (ЕУ) кон проширувањето.

„Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани, не само преку ветувања, туку преку конкретни резултати.“ напиша тој во социјални мрежи.

„За нас, постепената интеграција е можност реформите да се претворат во видливи придобивки: поевтини плаќања преку СЕПА, подобра дигитална поврзаност, нови можности за бизнисите и приближување кон европските програми.“ додаде Сали.

Според него, државата останува посветена на реформите, а истовремено, верува дека напредокот треба да се вреднува според заслугите и да биде проследен со конкретни чекори кон членството.

„Особено ми е драго што еврокомесарката Кос имаше можност директно да комуницира и со медиумите од нашата земја, преку интервју посветено на европската перспектива. Европската интеграција треба да биде процес што граѓаните го гледаат, го чувствуваат и од кој имаат придобивки.“ истакна Сали.

Повеќе
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Најмалку 16 загинати во земјотрес во Тибет
Путин: Разговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Јапонскиот романописец Рју Мураками почина на 74 години
Австралија санкционира 2 севернокорејски компании, „финансиски брокери“
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Бурата „Остин“ остави над 160.000 домаќинства без струја во Франција
Русија ги отфрла обвинувањата на Нетанјаху за наводна вмешаност во антисемитска онлајн кампања
Осуммина загинаа во немири во затвори во Еквадор, соопштија властите
Пашинјан: Ерменија и Азербејџан може да го потпишат мировниот договор во периодот 2027-2028
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Медиуми: Трамп бара од Маск да го укине ограничувањето на брзината на „Старлинк“ во Украина
Туркије и Канада воспоставувија стратешко партнерство
Карни: Врските на Канада и Туркије ќе се развиваат со генерации