| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
„Наредните денови тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад, Саудиска Арабија“, посочи Димитровски.
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел / Other

Во Скопје синоќа пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел преку Египет. Патниците на Скопскиот аеродром ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој нагласи дека процесот бил сложен и барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва.

„Пристигна првата група наши сограѓани од Израел, кои беа евакуирани преку Египет. Таму беше целосно организиран превоз за нив од страна на Амбасадата. Во Израел остануваат уште седуммина граѓани кои во моментов не се расположени за евакуација, односно чекаат да се ослободи воздушниот простор и евентуално да се вратат подоцна со приватен лет преку приватна компанија“, изјави Димитровски.

Нагласи дека се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации.

„Наредните денови тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад, Саудиска Арабија“, посочи тој.

Димитровски сподели дека евакуираните граѓани изразиле голема благодарност за можноста да се вратат дома.

„Граѓаните кои пристигнаа вечерва велат дека секојдневно морале да одат во засолништа кога се огласувале сирени. Иако за израелските граѓани тоа е дел од секојдневието, за нашите било необично и тешко искуство. Некои биле затекнати во Израел токму кога сакале да се вратат, но аеродромите биле затворени. Тие изразија голема благодарност за комуникацијата со нашата амбасада и за тоа што им било овозможено безбедно да се вратат дома“, посочи тој.

Дел од патниците биле двјаца ракометари со родителите. 

Според него, во земјите од Заливот моментално има околу 600 македонски државјани, најмногу во Абу Даби и Дубаи, околу 140 во Катар, а помал број во Бахреин и Кувајт.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Не, мислам дека не преговараме со Иран, но ќе се случи нешто
Нападот врз нафтено поле во Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за 2%
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Советник во Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори за Украина во ноември
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Барт де Вевер: Украина нема да се финансира од замрзнатите руски средства
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Канадскиот премиер Карни утре и задутре во посета на Туркије на покана на Ердоган
Европската комисија започна истрага против Booking.com за измами и ризици од измами
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Мерц: Ова не е почеток на трговска војна со Кина, бараме мирни решенија
Ердоган ја поздрави одлуката на либискиот Парламент за одобрување на поморскиот договор со Туркије
Израелските сили урнаа зграда во која живееле 35 Палестинци во Источен Ерусалим