| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
САД тврди дека почнале да продаваат венецуелска нафта
Трамп изјави дека нафтената индустрија ќе придонесе со најмалку 100 милијарди долари за обновување на оштетениот енергетски сектор на Венецуела, без да даде дополнителни детали
САД тврди дека почнале да продаваат венецуелска нафта
САД тврди дека почнале да продаваат венецуелска нафта / AP

Соединетите Американски Држави (САД) ја финализираа првата продажба на венецуелска нафта, во вредност од 500 милиони долари, изјави официјален претставник на американската администрација за „Си-ен-ен“, пренесува Анадолу.

Тој додаде дека се очекува поголема продажба на нафта во наредните денови и недели.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да пристапи до нафтените резерви на Венецуела – најголемите во светот – по американската воена интервенција во земјата и заробувањето на претседателот Николас Мадуро.

Трамп изјави дека нафтената индустрија ќе придонесе со најмалку 100 милијарди долари за обновување на оштетениот енергетски сектор на Венецуела, без да даде дополнителни детали.

Тој исто така наведе дека САД ќе извезуваат од 30 до 50 милиони барели венецуелска нафта во соработка со американски корпорации.

Американските раководители на енергетскиот сектор во петокот во Белата куќа ги доведоа во прашање плановите на администрацијата да профитира од нафтата на Венецуела.

„Не е можно да се инвестира“, ги предупреди функционерите извршниот директор на „ЕксонМобил“, Дарен Вудс додека дискутираше за предизвиците на водење бизнис во Венецуела.

„Постојат голем број правни и комерцијални рамки што би требало да се воспостават за да се разбере каков вид принос би добиле од инвестицијата.“

Во меѓувреме, деталите за првата продажба на нафта останаа нејасни.

„Тимот на претседателот Трамп ги олеснува позитивните, тековни разговори со нафтени компании кои се подготвени и заинтересирани да направат невидени инвестиции за обнова на нафтената инфраструктура на Венецуела“, изјави портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс.

Повеќе
Бројот на жртви од потонатиот ферибот кај ТРСК се искачи на 12
АСЕЛСАН успешно го тестираше системот за наведување ЛГК-84
ОН: Израелското зацврстување на анексијата на Западниот Брег е спротивна на меѓународното право
Украина соопшти дека во руските напади загинало едно, а повредени се пет лица во Одеса
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
Тревога во Германија: Трет сомнителен напад врз електричната мрежа за само седум дена
Владата на Мелони најдолго на власт во историјата на Италија
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Москва и Пекинг разговараат за проект за снабдување на Кина со руски гас
Путин гледа можност за дипломатско решение за војната во Украина
Туркије го критикува Европскиот парламент за клевета насочена кон Турските вооружени сили
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Бен-Гвир планира преселување на 1,86 милиони Палестинци од Газа во период од седум години
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет