Со „Ритамот на чаршијата“ сакавме Старата скопска чаршија да ја погледнеме подлабоко: преку нејзините занаети, вкусови, архитектура, уметност, вера и луѓето што секојдневно ѝ даваат живот. Во последната епизода стигнуваме до Чаршијата каква што е денес: шарена, слоевита и постојано во движење, каде што старите анови и амами добиваат нови културни функции, а современите места природно се впишуваат меѓу калдрмата и вековните фасади. Токму во таа мешавина се чувствуваат нејзината посебност и соживотот што со векови го обликувале едно од најзначајните историски и културни јадра на Скопје и земјата.


Повеќе видеа
Повеќе видеа