| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Кос: ЕУ ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан
Тоа беше јасна порака од денешните дискусии на Советот за надворешни работи со министрите од регионот и земјите-членки на ЕУ, проширувањето останува нашата најдобра алатка за постигнување на оваа политичка и безбедносна цел, изјави еврокомесарката
00:00
Кос: ЕУ ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан
„Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан одржаа неформален разговор со еврокомесарките Каја Калас и Марта Кос / AFP
14 април 2025

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Европската унија ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

„Тоа беше јасна порака од денешните дискусии на Советот за надворешни работи со министрите од регионот и земјите-членки на ЕУ. Проширувањето останува нашата најдобра алатка за постигнување на оваа политичка и безбедносна цел“, изјави Кос на социјалната мрежа Х.

Во Луксембург денеска се одржа состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи на кој се разговараше за Западен Балкан, војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, Сирија, односите на ЕУ со Африка и други актуелни прашања.

„Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ и земјите од Западен Балкан одржаа неформален разговор со еврокомесарките Каја Калас и Марта Кос за ситуацијата во регионот, безбедносните предизвици, стабилноста, спроведувањето на реформите и геостратешката неопходност од проширувањето, што е во интерес на сите“, напиша на Х словенечката министерка за надворешни работи на мрежата Тања Фајон.

Повеќе
Алиев: Азербејџан и Ерменија донeсoa заедничка одлука да го „затворат поглавјето“ од војната
Поддржувачи на ЈПГ/СДФ вандализираат објекти и напаѓаат полиција во германските градови
Кос–Вучиќ: Се договоривме да ја интензивираме нашата заедничка работа за енергетската безбедност
Туркије го поздрави прекинот на огнот во Сирија и повика на трајно решение
Врнежи од снег во поголем дел од државата, сообраќај во зимски услови и лизгави коловози
Телефонски разговор Ердоган – Трамп за Сирија и Газа
Шефот на УНРВА ги отфрли израелските тврдења за сопственост врз комплексот во Источен Ерусалим
Израелскиот премиер Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп да се приклучи на предложениот „Одбор за мир“ за Газа
Авионот на Трамп се врати во САД поради „електричен проблем“ на пат кон Давос
Екс јужнокорејскиот премиер Хан осуден на 23 години затвор
Франција бара вежби на НАТО околу Гренланд, но Трамп не се откажува
Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потребата од електрична енергија
Сирија: ЈПГ/СДФ ги користеле затворениците од ДАЕШ за уцена да го одложат договорот од 10 март
Мицкоски од Давос: Повторно треба да ги рестартираме сите заборавени енергетски проекти
Лавров: Британија повеќе не треба да го има зборот „Велика“ во своето име