| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Јапонија го заврши првиот дел од испуштањето отпадни води од НЦ Фукушима
До следниот март операторот со централата планира да спроведе четири круга на испуштање вода, односно вкупно 31.200 тони, што е еквивалентно на околу 40 полни резервоари од централата
Јапонија го заврши првиот дел од испуштањето отпадни води од НЦ Фукушима
Според ТЕПКО, операторот со централата, вкупно биле испуштени 7.800 тони отпадна вода во морето / Photo: AA / AA
11 септември 2023

Операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима Даичи соопшти дека првиот круг од испуштањето во морето на пречистената отпадна вода е завршен.

Токио Електрик Пауер Компани (ТЕПКО), операторот со централата, истакна дека првите количини, околу 460 тони третирана вода дневно биле испуштени во морето, додавајќи дека според планираното, вкупно биле испуштени 7.800 тони вода - еквивалент на 10 полни резервоари од централата.

Испуштањето на пречистената отпадна вода започна на 25 август, што предизвика реакции од Кина и опозициските партии во Јужна Кореја.

Пекинг воведе целосна забрана за морска храна од Јапонија.

ТЕПКО соопшти дека за второто испуштање ќе ги проверува капацитетите три недели и повторно ќе го започне процесот.

До следниот март операторот со централата планира да спроведе четири круга на испуштање вода, односно вкупно 31.200 тони, што е еквивалентно на околу 40 полни резервоари.

Во нуклеарната централа Фукушима, 1,3 милиони тони третирана вода се складирани во над илјада резервоари.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Чистката на Кси на врвните кинески генерали и борбата за контрола
ЕУ го објави дваесеттиот пакет санкции против Русија
Зошто Иран се потпира на својата доктрина за војување со роење додека се наѕира конфликт со САД
Ердоган: Земјотресите во 2023 година во Туркије предизвикаа штета од околу 250 милијарди долари
Лавров: Не сакаме НАТО да биде вклучен во безбедноста на целиот Евроазиски континент
Мерц: ЕУ е секогаш подготвена за разговори со Русија за завршување на војната во Украина
Франција станува првата земја од ЕУ што отвора генерален конзулат во Гренланд
OН: Вооружени израелски доселеници протерале 900 Палестинци од Западниот Брег од јануари
Најмалку 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во главниот град на Пакистан
Трамп покрена онлајн продавница за лекови со попуст: Луѓето ќе штедат пари и ќе бидат здрави
Иран ја претстави најнапредната балистичка ракета во својот арсенал
Претседателот на Туркије ја одбележа третата годишнина од земјотресот во 2023 година
Канадскиот премиер Карни: Туркије е значаен партнер за Канада
Како црвен автомобил од Азербејџан стана симбол на солидарност по земјотресот во Туркије во 2023
Војската на САД уништи уште еден наводен нарко-брод во Пацификот