| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Под зградата на Вишиот суд во Подгорица откриен тунел
Во депото на Вишиот суд се чува доказен материјал, меѓу другото и поголема количина дрога.
Под зградата на Вишиот суд во Подгорица откриен тунел
Под зградата на Вишиот суд во Подгорица откриен тунел / Photo: Влада на Црна Гора
13 септември 2023

Официјални претставници на Вишиот суд во Подгорица, Црна Гора, пред неколку дена открија дека е ископан тунел под зградата на Високиот суд до депото.

Во депото на Вишиот суд се чува доказен материјал, меѓу другото и поголема количина дрога. Претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ денеска потврди дека е откриен подземен тунел. Тој посочи дека од доказниот материјал од депото не недостасува речиси ништо.

„На добро скриено место е пронајден отвор на тунел, кој е копан подолг временски период“, рече Савиќ на прес-конференцијата.

Тој додаде дека истрагата е завршена и дека не знаат што можело да се случи доколку тој отвор не бил забележан.

„Најважно ни е што затворивме нешто што претставуваше опасност“, истакна Савиќ.

Тој истакна дека е извршен попис и било констатирано дека речиси ништо не недостасува. „По прегледот на предметите“, додаде дека е констатирано дека предметите се испревртени.

„Тунелот е откриен точно под земја, а истрагата ќе утврди која алатка е користена. Неверојатен е начинот на копање на тунелот“, изјави Савиќ.

Тој нагласи дека веќе подолго време укажуваат на проблемот со безбедноста.

„Не гледаме причина зошто доказите сѐ уште се чуваат во депото. Меѓутоа, сѐ уште не е најдено решение за тоа“, рече Савиќ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран