| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган: Туркије и САД ќе ја зајакнат соработката против тероризмот
„Туркије е задоволна од развојот на соработката со САД“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Ердоган: Туркије и САД ќе ја зајакнат соработката против тероризмот
Ердоган: Туркије и САД ќе ја зајакнат соработката против тероризмот / Photo: AA / AA
19 септември 2023

Туркије е задоволна од развојот на соработката со САД, изјави вчера претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

„Разрешивме поголем дел од нашите пречки во текот на разговорот со (претседателот Џо) Бајден и одлучивме да водиме и други разговори“, рече Ердоган по средбата на тркалезната маса со претставниците на тинк-танк организациите во Њујорк, каде што турскиот претседател учествува во Генералното собрание на ОН.

Турскиот лидер рече дека Туркије и САД ја зајакнале соработката во борбата против тероризмот, кој е закана и за двете земји.

Во поглед на поддршката на САД на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северот на Сирија, Ердоган нагласи дека не може да има партнерство со терористички групи.

„Секој развој на настаните во нашиот регион покажува колку е погрешна разликата меѓу добрите и лошите терористи. Со терористи не се преговара и не може да се воспостави пријателство или партнерство“, рече Ердоган.

Ердоган во своето обраќање го спомена и придонесот на Туркије во решавањето на глобалните и регионалните проблеми, промовирањето на мирот, стабилноста и просперитетот во регионот, како и решавањето на неправдите во рамките на меѓународниот систем.

Осврнувајќи се на војната во Украина, Ердоган рече дека Анкара активно работи на ставање крај на судирите со воспоставување праведен и траен мир. Тој ја нагласи посветеноста на Туркије на дипломатијата како средство за воспоставување траен мир во сите конфликтни подрачја и за проширување на својата мрежа на меѓународни пријателства.

Претседателот на Туркије го истакна и значењето на меѓународната солидарност, особено во борбата против терористичките групи, како што се ПКК, ДЕАШ и ФЕТО.

Тој ја нагласи и потребата за достоинствено и безбедно враќање на сириските бегалци во матичната земја.

Ердоган истакна дека во критичниот период во кој се наоѓа светот „гледа рамка на можности за заживување на односите меѓу Туркије и ЕУ“.

Претседателот на Туркије престојува во Њујорк, каде што ќе учествува на 78. седница на Генералното собрание на ОН.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“
Иран: Нуклеарните разговори ја покажуваат сериозноста на САД
Кина ќе ги поддржи силите на Тајван кои се залагаат за обединување
Казахстан се откажува од „суперпретседателската“ форма на управување
Лавров: Преговорите за завршување на војната во Украина се во тек, сè уште има долг пат пред нас