| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Шпанската политичка партија Подемос: Израел не треба да оди на Евровизија
„На Израел треба да му се забрани каква било меѓународна активност како тактика на притисок за да се запре геноцидот на палестинскиот народ“ - стои во соопштението
Шпанската политичка партија Подемос: Израел не треба да оди на Евровизија
Шпанската политичка партија Подемос: Израел не треба да оди на Евровизија / Photo: AA / AA
2 февруари 2024

Шпанската крајно левичарска партија Подемос вчера во Парламентот официјално ја повика Владата да заземе јасен став против учеството на Израел на Евросонг, пренесува Анадолу.

„На Израел треба да му се забрани каква било меѓународна активност како тактика на притисок за да се запре геноцидот на палестинскиот народ“, напиша лидерката на Подемос, Ионе Белара, на социјалната мрежа Х.

Таа додаде дека сите земји би требало да повикаат на исклучување на „Израел од Евровизија“.

За овој предлог ќе се расправа и ќе се гласа во шпанскиот Парламент. Доколку биде усвоен, Владата на Шпанија би се обврзала да се обиде да ги убеди другите земји на ЕУ да го исклучат Израел од натпреварувањето за најдобра песна на Европа.

Владата, исто така, би го повикала државниот радиодифузер РТВЕ да го поддржи исклучувањето на Израел, токму онака како што тоа го стори со Русија во 2022 година.

Во предлогот на Подемос се наведува дека вредностите на Евровизија - универзалност, различност, еднаквост и инклузија - „се неспоиви со учеството на Израел“, кој ги крши човековите права и меѓународното право на Западниот Брег и во Газа.

„Од тој аспект, загрижувачки е дека настан како што е Евровизија би можел да ја прикрие ционистичката држава Израел пред очите на милиони гледачи. Особено кога во 2022 година Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи да ја исфрли Русија од натпреварувањето по инвазијата над Украина“, се вели во предлогот на Подемос.

Ова не се први повици за исклучување на Израел од Евровизија.

„Ова е масакр, геноцид. Тоа што Израел учествува кога за Русија е ставено вето... навестува уште една низа прашања што се однесуваат на парите“, рече Инес Хернанд, една од водителките на шпанскиот натпревар за избор на натпреварувач на Евровизија на конференцијата за новинари оваа недела.

Претходно оваа недела повеќе од 1.000 музички уметници од земјата домаќин Шведска, исто така, потпишаа отворено писмо повикувајќи на забрана на учество на Израел поради „бруталното војување во Газа“.

Слично писмо претходно потпишаа и 1.400 уметници од Финска и Исланд.

Како одговор на овие повици, ЕБУ соопшти дека Израел нема да биде исклучен од натпреварувањето, наведувајќи дека сака да го задржи статусот на натпреварување како „аполитички настан што ја обединуваа публиката низ светот преку музиката“.

Оваа година Евровизија ќе се одржи во шведскиот град Малме од 7 до 11 мај.

До 2023 година Израел 44 пати настапи на натпреварувањето за песна на Евросонг, победувајќи четири пати, 1978, 1979, 1998 и 2018 година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран