| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Израел нападна конвој со помош за северот на Појасот Газа
Директорот на УНРВА за Газа, Томас Вајт, на социјалната платформа Х објави дека конвојот утринава е погоден со истрели на израелската морнарица, но никој не е повреден во нападот
Израел нападна конвој со помош за северот на Појасот Газа
Не може да испорачаме хуманитарна помош додека се пука, порачаа од УНРВА / Photo: AA / AA
6 февруари 2024

Директорот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) за Газа, Томас Вајт, вчера соопшти дека израелските сили извршиле напад на конвој со помош што чекал да тргне кон северот на Појасот Газа.

Директорот на УНРВА за Газа, Вајт, на социјалната платформа Х објави дека конвојот утринава е погоден со истрели на израелската морнарица.

Вајт наведе и дека никој не е повреден во израелскиот напад на конвојот со храна.

„Не може да испорачаме хуманитарна помош додека се пука“, порачаа од УНРВА и нагласија дека постои итна потреба од постојан и безбеден хуманитарен пристап насекаде, вклучително и северните делови на Газа.

Поради израелските напади во Појасот Газа раселени се 1,9 милиони луѓе, а хуманитарната помош не може доволно да биде испорачана во регионот. Палестинците во Појасот Газа водат гола борба за преживување.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран