| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
Рамафоса: ЈАР нема да биде целосно слободна ако Палестина не добие слобода
И ние не сме целосно слободни додека Палестинците не се ослободат... ние ќе застанеме покрај нив и ќе се бориме со нив и затоа отидовме до Меѓународниот суд на правдата, рече Рамафоса на натпреварот во Кејп Таун меѓу Палестина и локален фудбалски тим
Рамафоса: ЈАР нема да биде целосно слободна ако Палестина не добие слобода
Ние одиме по стапките на Нелсон Мандела, изјави јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса / Photo: AA / AA
12 февруари 2024

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса изјави дека мнозинството од народот на неговата земја, како и владата и владејачката партија Африкански национален конгрес ја поддржуваат борбата на палестинскиот народ за слобода.

„Ние одиме по стапките на Нелсон Мандела, кој ни рече и не научи дека...нашата слобода нема да биде целосна додека и слободата на Палестинците исто така не се постигне“, им рече Рамафоса на навивачите на натпреварот „Фудбал за човештвото“ меѓу Палестина и Јужна Африка во Кејп Таун во неделата.

Рамафоса рече дека Јужноафриканската Република не може да се смета за целосно слободна доколку Палестина не постигне слобода.

„Значи, ние, исто така, не сме целосно слободни додека Палестинците не се ослободат... ние ќе застанеме покрај нив и ќе се бориме со нив и затоа отидовме до Меѓународниот суд на правдата“, рече тој меѓу гласните овации од навивачите на стадионот Атлон во Кејп Таун.

Јужноафриканската Република беше домаќин на репрезентацијата на Палестина во Кејп Таун за натпреварот „Фудбал за човештвото“, која му се спротивстави на локален тим од Западен Кејп. Натпреварот заврши со победа 1:0 на домаќините.

Следниот солидарен натпревар насловен „Куп на слободата“ ќе се одржи на истото место на 18 февруари.

Фудбалерите на Палестина им се заблагодарија на Јужноафриканците што ја поддржаа нивната ослободителна борба и им беа домаќини на пријателскиот натпревар.

„Благодарам на Јужноафриканската република, претседателот и луѓето. Многу сме среќни за поддршката за Палестина“, изјави Мусаб Ал Батат, капитенот на тимот, во краткото интервју за Анадолу.

ЈАР кон крајот на 2023 поднесе тужба до МСП во Хаг, обвинувајќи го Израел дека не ги исполнил своите обврски според Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Во својата привремена пресуда во јануари, највисокиот суд на ОН ги оцени тврдењата на Јужна Африка за веродостојни.

Тој ѝ нареди на владата на Израел да престане со геноцидните дејствија и да преземе чекори за да се осигура дека цивилите во Газа добиваат хуманитарна помош.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран