| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Руското МВР распиша потерница по премиерката на Естонија Каја Калас
Барани лица од руското МВР се и литванскиот министер за култура  и летонскиот министер за правда, кои се одговорни за отстранување на спомениците од советската ера и непријателските ставови кон Русија, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Руското МВР распиша потерница по премиерката на Естонија Каја Калас
Калас повика Русија да биде изолирана од слободниот свет и се залагаше за забрана на издавање визи за руските граѓани во цела ЕУ / Photo: Reuters / Reuters
13 февруари 2024

Руското министерство за внатрешни работи во вторникот распиша потерница против премиерката на Естонија Каја Калас и неколку високи функционери на Балтикот поради прекршување на Кривичниот законик на Русија.

Освен Калас, на листата на барани лица од руското МВР се државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп, како и литванскиот министер за култура Симонас Кајрис, летонскиот министер за правда Инезе Либина-Егнере и летонскиот министер за финансии Арвилс Асераденс.

„Тоа се луѓето кои се одговорни за одлуките, кои всушност претставуваат навреда против историските сеќавања со отстранување на спомениците од советската ера и непријателските ставови кон Русија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на брифингот со новинарите како реакција на одлуката.

Калас повика Русија да биде изолирана од слободниот свет, го поддржа рушењето на советските споменици, а исто така се залагаше за забрана на издавање визи за руските граѓани во цела ЕУ.

Таа нагласи дека е подготвена да го промени Уставот на Естонија за на Русите и Белорусите да им се одземе правото да учествуваат на избори.

Реагираше и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„На злосторствата чија цел е да се уништи споменот на ослободителите на светот од нацизмот и фашизмот мора да се одговори. И ова е само почеток“, напиша таа на Телеграм.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран