| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција
Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори, дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар
Арбен Таравари претседателски кандидат на албанската опозиција
Таравари ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена / Photo: Арбен Таравари Фејсбук
15 февруари 2024

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари денеска објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата.

Неговата кандидатура, како што рече, е предлог на Претседателството на АА, со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).

-Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински, рече Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваат лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса.

Најави дека ќе побара поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја предводи државата во следните пет години, како и од невладините организации, а како што рече, пред се, од народот кој е најважен за мене. Ќе се кандидира со доставување на 10.000 потписи, кои очекува да ги собере за два дена.

-Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријатели, другари, истомисленици, седнавме со партиите од опозицијата, сега сме веќе заедничка албанска опозиција, во сабота ќе го официјализираме ова, и дојдовме до констатација дека најдобро би било јас да се кандидирам за претседател. Јас одлучив доцна синоќа да се кандидирам, рече Таравари, наведувајќи и дека ќе продолжи да ја извршува градоначалничката функција, како што посочи, додека не биде избран за претседател.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Сибиха го покани кинескиот колега Ванг Ји да ја посети Украина
Фон дер Лајен вели дека силна Европа значи силен НАТО
Руте: Русија трпи огромни загуби во Украина, не треба да ја доживуваме како „моќна мечка“