| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Лидерите од Западен Балкан: Заедничка изјава за соработка за Планот за раст
Лидерите од Западен Балкан се обврзаа да почнат структуриран дијалог, заедно со ЕК и земјите членки на ЕУ, со цел спроведување на Планот за раст којшто може да го поттикне регионалниот просперитет и социо-економското приближување кон ЕУ
Лидерите од Западен Балкан: Заедничка изјава за соработка за Планот за раст
Во изјавата се наведува дека „е препозната новата динамика на политиката за проширување, создадена од агресијата на Русија против Украина и зголемената важност од европската обединетост / Photo: Влада на РСМ / Влада на РСМ
29 февруари 2024

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава на Конференцијата на високо ниво посветена на Планот за раст на Западен Балкан во Тирана, во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите, со прецизирање на конкретните чекори и иницијативи за реализација на оваа важна цел за квалитетот на живот на граѓаните во целиот регион.

Северна Македонија на конференцијата ја претставуваше техничкиот премиер Талат Џафери, а покрај лидерите од регионот присуствуваа и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, како и други претставници од ЕУ и од релевантни финансиски меѓународни организации.

Лидерите од Западен Балкан, во Изјавата се обврзаа да започнат структуриран дијалог, заедно со Европската комисија и земјите членки на ЕУ, со цел спроведување на Планот за раст, на начин којшто ќе донесе поединечна полза и може да го поттикне регионалниот просперитет и социо-економското приближување кон ЕУ, пренесува во соопштение владината прес-служба.

Во изјавата се наведува дека „е препозната новата динамика на политиката за проширување, создадена од агресијата на Русија против Украина и зголемената важност од европската обединетост и подобрената соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан“.

-Планот за раст за Западен Балкан претставува одлична можност за унапредување на интеграцијата на регионот на единствениот пазар, како и во механизмите и инструментите на ЕУ, додека се забрзуваат реформите во стратешките и суштински области, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и основните права, оценуваат лидерите.

Препознавајќи го напорот за создавање регионален збир на вештини и професии преку признавање на академските и професионални квалификации врз основа на стандардите и праксите на ЕУ, учесниците на конференцијата ја поздравуваат координативната улога на Советот за регионална соработка и се обврзуваат за брзо следење на спроведувањето на договорите за мобилност склучени во рамките на Берлинскиот процес.

„Ние, лидерите од Западен Балкан, се обврзуваме да започнеме структуриран дијалог, заедно со Европската Комисија и земјите-членки на ЕУ, со цел спроведување на Планот за раст на начин кој ќе ни донесе поединечна полза и може да го поттикне регионалниот просперитет и социо-економското приближување кон ЕУ. Во тој дух, го истакнуваме напредокот постигнат во развој на агенди за реформи што ќе помогнат да се насочуваат политиките и инвестициите во следните четири години“, се наведува во Изјавата.

Надградувајќи ги регионалните иницијативи прифатени на Самитот на лидери на Берлинскиот процес во Тирана во октомври 2023 година, во Скопје во јануари 2024 година, лидерите се обврзаваат да ја забрзаат подготвеноста за пристапување кон Единствената европска платежна област (СЕПА).

Во однос на Единствената европска платежна област (СЕПА), лидерите ја препознаваат клучната улога на финансискиот сектор, а особено на платежните системи, за подобро функционирање на пазарите.

Се согласиле да подготват, во консултации со релевантните засегнати страни, конкретни акциски планови за да се унапреди исполнувањето на критериумите за СЕПА, со цел да се побара приклучување кон СЕПА во 2024 година, како и да се мобилизира поддршката за спроведување на царинските стандарди и процедури, со цел регионот да може да се приближи до царинска и трговска соработка со ЕУ. Со цел олеснување на трговијата и транспортот меѓу регионот и соседните земји-членки на ЕУ, лидерите ја поздравиле работата на Транспортната заедница и ЦЕФТА во однос на Патоказот за зелените ленти, прифатена на Самитот Западен Балкан-ЕУ во декември 2023 година, како и координираните контроли на граничните премини меѓу ЕУ и земјите од западен Балкан.

„Истакнувајќи ја динамиката создадена за подобрени односи меѓу ЕУ и ЗБ6, лидерите ја повикаа ЕУ да ги истражат начините за подобрување и изменување на правните и регулаторните рамки, со цел да се постигне значајно, иако постепено воведување на ЗБ6 во механизмите и форумите на ЕУ, како политички, така и технички, во согласност со новата методологија за пристапување кон ЕУ и Планот за раст на регонот“, се посочува во Изјавата на лидерите од Западен Балкан, усвоена денеска во Тирана.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран