| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Учесниците на состанокот на Платформата за мир на Балканот на прием кај Ердоган
Претседателот Ердоган изјави дека светот и нашиот регион се соочуваат со разни предизвици и дека зајакнувањето на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу земјите членки на Балканската мировна платформа доби на важност во овој процес
Учесниците на состанокот на Платформата за мир на Балканот на прием кај Ердоган
Ердоган им се заблагодари на претставниците на земјите за нивниот придонес на состанокот на Платформата одржан во Истанбул / AA
23 јануари 2026

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул ги прими вицепремиерот и министер за надворешни работи на Црна Гора, Ервин Ибрахимовиќ, вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доница Гервела-Шварц, министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцински, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали, и заменик-министерката за надворешни работи на Србија, Невена Јовановиќ.

За време на приемот, биле разгледани билатералните односи на земјите со Туркије и регионалните прашања, соопшти турската Дирекција за комуникации.

Претседателот Ердоган на приемот го изразил своето задоволство од вториот состанок на Платформата за мир на Балканот што се одржа во Истанбул, заблагодарувајќи им се на претставниците на земјите за нивниот придонес.

Турскиот претседател истакнал дека е важно што на состанокот биле разгледани многу прашања, како што се безбедноста на границите, енергетиката, технологијата и транспортот, и дека консултациите се спроведени со чувство на регионална одговорност.

Претседателот Ердоган изјави дека светот и нашиот регион се соочуваат со разни предизвици и дека зајакнувањето на солидарноста и меѓусебното разбирање меѓу земјите членки на Балканската мировна платформа доби на важност во овој процес.

„Туркије вложува напори за ублажување и прекинување на ефектите од нестабилноста во нашиот регион. Напорите фокусирани на мирот продолжуваат на многу места, особено во Украина, Газа и Сирија и дека е потребно да се дејствува со пристап насочен кон иднината, извлекувајќи поуки од болките од минатото и на Балканот“, истакна Ердоган.

На приемот, турскиот претседател го придружувале министерот за надворешни работи Хакан Фидан, директорот за комуникации на Претседателството Бурханетин Дуран, главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич и вишиот советник на претседателот Сабри Демир.

Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран