| Macedonian
СПОРТ
4 мин читање
Сенегал победник на Африканскиот куп на нации
Сенегал славеше со 1:0 против домаќинот Мароко во продолженијата од мечот, откако во финишот од регуларниот дел од натпреварот Мароканците промашија пенал, поради кој Сенегалците го напуштија теренот на 20 минути незадоволни од одлуката на судиите
Сенегал победник на Африканскиот куп на нации
Сенегал ја освои титулата по втор пат , tие првпат го освоија Купот на нации во 2021 година кога го победија Египет на пенали / AP
19 јануари 2026

Сенегал е новиот фудбалски шампион на Африка, откако во финалето на Африканскиот куп на нации, дури по продолжение од 30 минути го победи домаќинот Мароко со 1:0.

Неверојатна беше завршницата на финалето. Беше 0:0 кога во 90+5 минута, судијата по ВАР проверка досуди пенал за Мароко, одлука која беше доста дискутабилна.

Сенегалците едноставно не сакаа да прифатат дека има пенал во последните моменти од средбата и жестоко реагираа. Селекторот побара од неговите играчи да го напуштат теренот. Сите играчи заминаа, но остана капитенот Садио Мане.

Повеќе од 15 минути траеше натегањето дали мечот ќе продолжи или не, но на крајот преовлада разумот на Мане и ѕвездата успеа да ги натера своите соиграчи да се вратат.

Брахим Дијаз кој постигнуваше гол на секој претходен меч на турнирот, ја презема одговорноста. Дијаз реши да шутира со Паненка, но голманот на Сенегал одбрани и се озбори мечот да оди во продолженија.

Само четири минути откако започнаа продолженијата, сенегал постигна гол. Мане започна една акција, топката дојде до Папа Геј кој постигна фантастичен погодок.

Со победата против Мароко, Сенегал ја освои титулата африкански шампион по втор пат. Тие беа победници на Купот на нации во 2021 година за прв пат кога славеа против Египет по подобро изведување на пенали.

Тие играа во финалето уште двапати- во 2002 година, кога загубија од Камерун по изведување на пенали, и во 2019 година, кога беа поразени од Алжир (0:1).

Египет е рекордер со седум титули, Камерун беше африкански шампион пет пати, а Гана четири пати. Вкупно 15 земји славеле во Купот на нации.

Како што се очекуваше, ова беше тесно и тешко финале без многу шанси. Во првото полувреме, Сенегалците беа најблиску до гол во 38-та минута кога напаѓачот на Евертон, Илиман Ндијаје, се упати кон противничкиот гол, но неговиот удар беше брилијантно одбранен од Јасин Буну.

Мароко ја имаше својата прва голема шанса во 58-та минута, кога играчот од средниот ред на Штутгарт, Билал Ел Канус, брилијантно го проигра Ајуб Ел Каби, но напаѓачот на Олимпијакос шутираше надвор од голот од десет метри. Пет минути подоцна, Ел Каби имаше уште една шанса, но неговиот удар беше блокиран, а во акцијата што следеше, напаѓачот на Реал Бетис, Абде Езалзули, шутираше над пречката.

Сенегал немаше многу шанси во второто полувреме, но постигна гол во третата минута од судиското продолжение. По корнерот, Абдулаје Сек ја испрати топката со глава во пречката, а Исмаила Сар ја испрати одбоената топка во мрежата. Сепак, судијата Жан-Жак Ндала од ДР Конго го поништи голот поради сомнителен фаул во напад.

Три минути подоцна, судијата повторно беше во центарот на внимание, досудувајќи пенал за домаќините откако Ел Хаџи Малик Диуф го повлече Дијаз по корнер. Неговата одлука беше потврдена од ВАР, што предизвика гнев и бес кај Сенегалците.

Тренерот Папе Тиау дури ги повлече играчите во соблекувалната и се чинеше дека играта нема да продолжи. Сепак, по околу дваесет минути, Сенегалеците се вратија на теренот.

Дијаз шутираше за титулата, се обиде да постигне гол со „паненка“, но Едуар Менди остана на средината од теренот и го одбрани неговиот удар, по што натпреварот отиде во продолжение.

Сенегал поведе во 94-та минута со брилијантен удар на Папе Геје. Играчот од средниот ред на Виљареал ја повлече топката назад, а потоа шутираше од работ на шеснаесетникот, погодувајќи под пречката. Мароко можеше да израмни две минути подоцна, но трагичарот Дијаз шутираше од работ на шеснаесетникот, но директно во Менди.

Најблиску до израмнување Мароко беше во 108-та минута кога Најеф Агерд ја погоди пречката по корнер.

Сенегал можеше да реши сè во 110-та минута, но Шериф Ндијаје го промаши невозможното. Поранешниот напаѓач на Горица, кој сега е во турски Самсунспор, прв шутираше од работ на шеснаесетникот, Боно одбрани, а Ндијаје го промаши отворениот гол за 2-0.

Повеќе
Проектот Развојниот пат ќе донесе поттик од 55 милијарди долари за турската економија
Што се менува во Иран по назначувањето на Моџтаба за врховен лидер?
Мусар жали за одлуката на словенечката влада да не се придружи на тужбата против Израел за геноцид
Мицкоски: Очекувам во текот на денот намалување на нафтата за 2,5 денари по литар
Емине Ердоган: Турското признание на генералниот секретар на ОН ќе ги зголеми надежите за мир
Цената на суровата нафта Брент надмина 100 долари за барел поради тензиите во Ормускиот Теснец
Туркије: НАТО неутрализирала балистичка ракета испукана од Иран во турскиот воздушен простор
Четири члена на екипажот загинале во уривањето на американскиот авион КЦ-135 во Ирак
Литванскиот МНР ги обвини сојузниците на НАТО за трошоците за одбрана
Сијарто: ЕУ по примерот на САД да ги укине санкциите за руска нафта
Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија
Израелскиот министер за надворешни работи го обвини Милановиќ за антисемитизам
Вашингтон дозволи привремено купување руска нафта која е во транзит на море
Зеленски пристигна во Париз на разговори со Макрон
Мицкоски: Фокусирани сме на економскиот раст, реконструкција во мај-јуни