| Macedonian
Јапонија во историска мисија лансираше летало кое ќе собира примероци од месечината Фобос на Марс
Ако мисијата биде успешна, ќе биде првата што слетала на некоја од месечините на Марс, собрала примероци од нејзината површина и успешно се вратила од системот на Марс, со што би помогнала во разјаснувањето на настанокот на Сончевиот систем
Јапонија во историска мисија лансираше летало кое ќе собира примероци од месечината Фобос на Марс
Мисијата MMX ќе се обиде да направи две слетувања на Фобос во 2029 година, a капсулата со примероци треба да слета во Австралија во јули 2031 година

Јапонија рано во вторникот успешно ја лансираше својата водечка ракета Х3, која носи сонда што успешно се одвои и беше поставена во орбита кон Марс. Со ова започнува амбициозна петгодишна мисија за прибирање примероци од месечините на Марс, кои би можеле да фрлат светлина врз потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата.

„Би сакал да изразам благодарност до сите во Јапонија и во странство кои беа вклучени во мисијата MMX“, изјави претседателот на JAXA, Хироши Јамакава, на прес-конференција во вторникот наутро, веднаш по лансирањето. „Нивното разбирање и соработка овозможија денешното лансирање да се реализира.“

Наоки Мураками, генерален директор на вселенскиот оддел во „Мицубиши Електрик“, изјави: „Денес MMX го направи својот прв чекор. Ова го означува почетокот на едно долго, петгодишно патување.“

Оваа мисија претставува првпат водечката јапонска ракета-носач, H3, да се користи за испраќање вселенско летало во меѓупланетарен простор.

Лансирањето се случува откако мисијата MMX, која првично беше планирана за 2024 година, беше одложена. Развиена со трошок од 55,3 милијарди јени (350 милиони американски долари), MMX е една од најголемите јапонски вселенски сонди, со тежина од околу 4,2 тони.

Се очекува леталото да стигне до Марс следниот август, по што ќе започне серија набљудувања и обиди за слетување на Фобос- поголемата од двете месечини на оваа планета.

Другата месечина се вика Деимос. Фобос има дијаметар од околу 27 километри и кружи околу Марс на растојание од приближно 6.000 километри.

Доколку мисијата биде успешна, JAXA најверојатно ќе стане првата вселенска агенција што слетала на некоја од месечините на Марс, собрала примероци од нејзината површина и успешно се вратила од системот на Марс.

Научниците се надеваат дека примероците ќе помогнат да се разреши долготрајната дебата за тоа како настанале месечините на Марс- што се смета за важна информација за разјаснување на настанокот на Сончевиот систем.

Една теорија сугерира дека двете месечини на Марс се астероиди заробени од гравитацијата на планетата, додека друга претпоставува дека тие настанале од остатоци создадени при масивен судир помеѓу Марс и друго небесно тело.

Утврдувањето која теорија е точна би можело да понуди индиции за тоа како водата и органските соединенија биле распоредени низ раниот Сончев систем, што потенцијално би им помогнало на научниците подобро да ги разберат условите кои овозможиле појава на живот.

Мисијата MMX ќе се обиде да изврши две слетувања на Фобос во 2029 година, користејќи специјализирана опрема за собирање на најмалку 10 грама материјал од длабочина од најмалку 2 сантиметри под површината.

Пред слетувањето, мал ровер наречен Идефикс (Idefix) – развиен заеднички од француската вселенска агенција ЦНЕС и Германскиот центар за воздухопловство и вселена, во соработка со JAXA- ќе го испита теренот на месечината за да помогне во пронаоѓањето на безбедно место за слетување.

Вселенското летало, исто така, ќе изврши набљудувања на Деимос додека прелетува покрај него, пред да го започне своето патување назад кон Земјата во ноември 2030 година. Капсулата со примероци треба да слета во Австралија во јули 2031 година.

Кина, исто така, напредува со својата мисија за земање примероци од Марс преку сондата Тјанвен-3 (Tianwen-3), чие лансирање е планирано за 2028 година, а враќањето на примероците се очекува до 2031 година.

Роверот на НАСА, Персевиранс (Perseverance), кој слета на Марс во 2021 година, веќе има собрано примероци, но плановите за нивно враќање на Земјата се практично откажани откако Конгресот на САД во јануари изгласа кратење на средствата за оваа програма.

Повеќе
Германската индустрија загубила речиси 500.000 работни места за седум години
Маск вети по една акција од СпејсX за секое дете во САД
Белгиската кралица и крунската принцеза цел на голи слики генерирани од вештачка интелигенција
Сериозни последиците од климатските промени врз здравјето на европските граѓани
Новите трговски патишта на Арктикот доаѓаат со голема климатска цена
Туркиш Ерлајнс потпиша меморандум со ЦФМ за над 300 авионски мотори
Тесла го претстави новиот летачки автомобил по речиси една деценија одложување
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ
Кина лансираше осум сателити за вештачка интелигенција од десетте испратени во орбитата
Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Европските компании сè повеќе користат вештачка интелигенција
Роверот „Персеверанс“ на НАСА постави нов рекорд на Марс
Антропик: Моделите на ВИ наскоро би можеле да се копираат низ паметните уреди без човечка контрола
ММФ: Војната и ВИ го менуваат глобалниот раст, јазот меѓу земјите се продлабочува
Кинеската компанија БИД размислува за отворање уште две фабрики за автомобили во Европа
Мајкрософт го претстави ВИ чипот Maиa 300, планира поширока примена од 2027 година
Турската одбранбена компанија АСЕЛСАН го претстави системот ГОКАЛП за пресретнување дронови
Квантните компјутери се закана за крипто паричниците, предупредува Европол
Петпати смртоносни патогени „избегале“ од лабораториите
На ЕУ ѝ се заканува недостиг од гас со приближувањето на зимата