| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Преку партнерството со Оракл граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Министерот Андоновски истакна дека партнерството е конкретен чекор во развојот на дигиталните вештини и вложување во луѓето како носители на промените / Others

Министерството за дигитална трансформација и Оракл (Oracle), една од најголемите глобални технолошки компании, потпишаа Меморандум за соработка за развој на дигиталните вештини, обука и преквалификација на граѓаните

Според министерството, Оракл претставува светски лидер во дигитални решенија, со што се воспоставува стратешко партнерство насочено кон развој на дигиталните вештини, јакнење на човечкиот капитал и забрзување на дигиталната трансформација во државата.

Меморандумот беше потпишан со потпретседателот на Оракл, Пјер Алан Баец, а соработката отвора нови можности за поврзување на образованието, институциите и граѓаните со современи технолошки знаења, практични алатки и програми за учење во области како клауд технологии, вештачка интелигенција, сајбер безбедност и управување со податоци.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека ова партнерство претставува конкретен чекор во една од најважните политики на Министерството- развој на дигитални вештини и вложување во луѓето како носители на промените.

„Дигиталната трансформација не започнува со технологијата, туку со луѓето. Во време кога дигиталната економија се развива со невидена брзина, најголемиот капитал на една држава не е технологијата, туку луѓето кои знаат да ја користат“, порача Андоновски.

Тој нагласи дека партнерството со Оракл претставува стратешка алатка за надминување на јазот во дигитални вештини и директна инвестиција во знаењето, можностите и конкурентноста на македонските граѓани.

Според Андоновски, соработката е поставена на два комплементарни столба.

Првиот е Академијата Оракл (Oracle Academy), преку кој високообразовните институции ќе се поврзат со современи технологии и практични содржини, со цел студентите да стекнуваат знаења што се усогласени со потребите на индустријата и реалниот пазар на труд.

Вториот столб е Иницијативата за развој на вештини на Универзитетот Оракл (Oracle University Skills Development Initiative), насочен кон пошироката јавност. Преку оваа иницијатива, за првпат се воспоставува структуриран систем за обука, дообука и преквалификација на граѓаните, вклучително и преку Националниот портал за е-услуги, кој Министерството го води како една од своите клучни активности.

Преку ова партнерство, граѓаните ќе имаат пристап до повеќе од 200 часа бесплатна дигитална содржина, прилагодена за сите нивоа на знаење, што ќе овозможи стекнување на нови вештини, надградување на постојните знаења и отворање нови можности за вработување, професионален развој и преквалификација.

Како дел од соработката, поставена е и јасна цел- 10.000 обучени граѓани во следните три години, со амбиција значителен дел од нив да стекнат и меѓународно признати сертификати. Тоа ќе значи поголема вработливост, повисока конкурентност на пазарот на труд и посилна поддршка за развојот на домашната економија.

Овој проект е во согласност со стратешките приоритети на Министерството и со визијата СМАРТ/MK 2030, која е наведена меѓу важечките стратегии на Министерството, со фокус на општество базирано на знаење, дигитални услуги и развој на човечки капитал.

Министерството за дигитална трансформација очекува активна вклученост од универзитетите, институциите и приватниот сектор, со цел оваа можност да биде искористена максимално и да донесе мерливи резултати во краток рок.

„Со потпишувањето на Меморандумот со Оракл, Министерството прави уште еден конкретен чекор кон создавање современо, дигитално подготвено и конкурентно општество, во кое технологијата ќе биде ставена во служба на граѓаните и нивниот развој“, рече министерот.

Повеќе
Трамп: Ќе го продолжам примирјето сè додека Иран не го поднесе предлогот и не се завршат преговорите
Одлуката на Техеран да не присуствува на состанокот во Исламабад во среда е конечна
ИРГК: Ќе го запреме производството на нафта во Заливот ако Иран биде нападнат од тие територии
Туркије ги отфрла грчките поморски карти поради кршење на меѓународното право
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Еве како Израел го уништува секој преостанат привид на безбедност во Газа
Трамп: Без договор со Иран, ќе продолжиме со бомбардирањето, нема да го продолжам примирјето
Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева
НАСА ќе соработува во истрагата за смртта и исчезнувањето на американски научници
Турската бродоградбена индустрија учествува на изложбата „Море- Воздух -Вселена 2026“ во САД
Белгија започнува четиригодишен план за зајакнување на подготвеноста на граѓаните за вонредни состојби
Туркије го поздравува „историското“ назначување на туркменски гувернер во ирачкиот Киркук
Медиуми: Потпретседателот на САД се упатува кон Исламабад на разговори за Иран
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Иран ја осуди заплената на товарен брод во Оманскиот Залив од САД