| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Ѓоковиќ против Алкараз во финалето на Австралија Опен
Србинот го победи Јаник Синер по четири часа игра, па во финалето во недела ќе игра за својата 11. титула во Австралија и 25. Гренд слем во кариерата против Карлос Алкараз, кој го победи Александер Зверев со 3-2 во сетови, по пет и пол часа игра
Ѓоковиќ против Алкараз во финалето на Австралија Опен
За Ѓоковиќ ова е прва победа над Синер по седум порази во низа, односно по повеќе од две години / Reuters

Новак Ѓоковиќ по пауза од три години ќе игра во финалето на Отвореното првенство на Австралија и ќе се обиде да дојде до 11. трофеј на првиот гранслем-турнир во годината откако во драматичен меч славеше над Јаник Синер со 3:2.

Српскиот тенисер во финалето ќе игра против Карлос Алкараз, кој со 3:2 го победи германскиот тенисер Александар Зверев.

Србинот во полуфиналето, кое траеше над четири часа, покажа дека и покрај возраста, сè уште може да игра на врвно ниво и да ги победува младите ѕвезди на овој спорт.

За Ѓоковиќ ова е прва победа над Синер по седум порази во низа, односно по повеќе од две години.

Мечот започна катастрофално за Ѓоковиќ, со оглед дека го загуби првиот сервис за водство на Синер од 2:0, а на крајот од сетот тоа значеше и 6:3 за Синер. Слично сценарио имаше и во вториот сет, но овојпат во корист на Србинот. Ѓоковиќ врати со 6:3 за израмнување на 1-1, откако направи брејк во четвртиот гејм.

Во третиот сет Синер се врати во водство, откако го доби сетот со 6:4 со брејк во последниот, десетти гејм. Ѓоковиќ го доби четвртиот сет со идентични 6:4, но со брејк уште во првиот гејм.

Во одлучувачкиот сет, Ѓоковиќ направи брејк во седмиот гејм, но Синер веднаш можеше да врати со рибрејк, бидејќи имаше 40-0 на сервис на противникот. Сепак, Србинот успеа да се врати и да го одбрани сервисот.

Во последниот гејм, Ѓоковиќ не искористи две меч-топки, но успеа да го направи тоа од трет обид и да се пласира во финалето, каде што за противник ќе го има Карлос Алкарас.

Шпанецот се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Австралија откако во неверојатно драматична пресметка го победи Александер Зверев со 3-2 во сетови (6:4, 7:6, 6:7, 6:7, 7:5), по пет и пол часа атомски тенис. Титулата во Мелбурн е единствената што му недостига на Алкарас досега во кариерата.

Ако ја освои, ќе стане најмладиот тенисер кој ги освоил сите четири Гренд слем турнири.

Шпанецот подобро го отвори мечот и го освои првиот сет со 6:4 во гемови. Потоа следеше вистинска драма, дури три сета кои се решаваа во тај брејк.

Алкарас го доби и вториот сет со 7:6 и се чинеше дека отпорот на Зверев е скршен.

Сепак, Германецот се врати во германски стил со максимално борбен карактер. Зверев ги доби драматичните поени во следните два сета, во кои повторно се играше тај-брејк и мечот продолжи во финален петти сет.

Пет и пол часа играа двајцата тенисери, публиката се одушевуваше на секој поен, а максимално драматично беше и во петтиот сет.

Алкарас ја имаше првата меч-топка во 12. гем од финалниот сет и успеа да ја искористи за конечни 7-5 во гемови и пласман во финалето.

Повеќе
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина