| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Претседателката нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 г. нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри без ратификација во Собрание
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Силјановска- Давкова одржа предавање на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб / Others
25 март 2026

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се за членство во Европската Унија. Ова создава тешка дилема за политичарите, како да се усогласи волјата на народот со меѓународните обврски, истакна претседателката Гордана Силјановска- Давкова на предавањето на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“ на Правниот факултет во Загреб.

Таа посочила дека историјата покажува дека земјата знае да прави тешки, но важни чекори и дека Македонија е единствената држава што го смени своето име.

Претседателката, како што јави известувачот на МИА, нагласи дека во дипломатските односи често се посочува дека договорите треба да се почитуваат, но тоа не значи дека секој договор може да наметне промена на Уставот.

Додаде дека според власта договорите треба да се почитуваат во духот на соработката, без да се кршат домашните правила.

Силјановска-Давкова нагласи дека во договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година нема ниту еден збор за уставни измени, потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.

„Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи“, истакна таа, додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Според претседателката, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.

Поради ова, како што рече Силјановска-Давкова, експертите, вклучително и Венецијанската Комисија, велат дека земјата треба да најде баланс меѓу почитувањето на домашните институции и меѓународните очекувања.

Повеќе
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа
Во копродукција на ТРТ филмот „Мирисот на минатото“ брои денови до премиерата
Макрон: Со воени дејствија ќе се наруши договорот за примирје меѓу Хезболах и Израел
ММФ ги продолжува односите со Венецуела по повеќе од 6 години суспензија
Започна петтото издание на Форумот за дипломатија во Анталија
Директорот на американската ИЦЕ се повлекува, ќе ја напушти агенцијата на крајот на мај
Трамп: Се надевам дека Хезболах ќе го почитува примирјето
Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Амбасадорот на Иран во ОН ја нарече блокадата на САД „чин на агресија“
Ердоган порача дека регионалните актери се клуч за мирот и безбедноста