| Macedonian
Мета тестира премиум претплати на платформите Инстаграм, Фејсбук и Вотсап
Компанијата наведува дека основните функции ќе останат бесплатни, додека премиум пакетот ќе донесе дополнителни опции за креативност, продуктивност и поголема контрола врз споделувањето содржини
Мета тестира премиум претплати на платформите Инстаграм, Фејсбук и Вотсап
Како дел од новите претплати, Мета сака да ја прошири употребата на агентот за ВИ Манус, кој неодамна го купи за околу 2 милијарди долари / Reuters

Американската технолошка компанија Мета започна со тестирање на премиум претплати на своите клучни платформи Инстаграм, Фејсбук и Вотсап, што би им дало на корисниците пристап до ексклузивни функции и напредни алатки за вештачка интелигенција.

Компанијата наведува дека основните функции ќе останат бесплатни, додека премиум пакетот ќе донесе дополнителни опции за креативност, продуктивност и поголема контрола врз споделувањето содржини.

Мета планира да понуди различни претплати за секоја апликација во наредните месеци, со специфични функции и пакети.

Фирмата од Менло Парк нагласува дека не е врзана за една стратегија, туку ќе тестира повеќе модели и комбинации, во зависност од апликацијата и потребите на корисниците.

Како дел од новите претплати, Мета сака да ја прошири употребата на агентот за вештачка интелигенција Манус, кој неодамна го купи за околу 2 милијарди долари.

Манус ќе биде интегриран во производите на Мета, додека продажбата на посебната услуга Манус за деловни корисници ќе продолжи паралелно.

Мета, исто така, размислува за воведување претплати за функции со вештачка интелигенција како што е „Вајбс“, алатка за генерирање кратки видеа со вештачка интелигенција.

Досега, Вајбс беше бесплатна функција, но Мета сега воведува модел каде што основните функции ќе продолжат да бидат достапни, додека понапредните алатки ќе бидат достапни само за претплатници.

Засега не е точно познато кои премиум функции ќе ги добијат Фејсбук и Вотсап, додека за Инстаграм се споменуваат опции како што се креирање неограничени листи со публика, како и можноста анонимно да се гледа нечија „приказна“.

Мета очекува новите претплати да донесат дополнителни приходи, додека во исто време вели дека ќе ги следи повратните информации од корисниците и ќе ја прилагодува понудата врз основа на реакциите.

Повеќе
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина