| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
ТикТок во САД премина во американска сопственост како што наложи Трамп
Три главни инвеститори во новата компанија се Оракл, Силвер Лејк и компанијата за вештачка интелигенција МГИкс од Обединети Арапски Емирати, кои ќе поседуваат по 15% удел. Кинеската матична компанија БајтДенс ќе задржи 19,9%
ТикТок во САД премина во американска сопственост како што наложи Трамп
ТикТок во САД премина во американска сопственост како што наложи Трамп / Reuters
23 јануари 2026

ТикТок официјално потврди дека операциите на социјалната мрежа во САД ќе опстојат и преминуваат во доминатно американска сопственот преку новата сопственичка структура која е предадена на заедничка компанија со што е испочитувана извршната наредба на претседателот Трамп.

„Денес е основана ТикТок УСДС Џоинт Венчр ЛЛЦ во согласност со извршната наредба потпишана од претседателот Доналд Трамп на 25 септември 2025 година, со што им се овозможува на повеќе од 200 милиони Американци и 7,5 милиони бизниси да продолжат да откриваат, создаваат и напредуваат како дел од глобалната заедница на ТикТок“, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека заедничката компанија ќе функционира под строги безбедносни мерки за заштита на националната безбедност, вклучително и сеопфатна заштита на податоците, безбедност на алгоритмите, модерација на содржините и софтверски гаранции за корисниците во САД.

Три главни инвеститори во новата компанија се Оракл, Силвер Лејк и компанијата за вештачка интелигенција МГИкс од Обединети Арапски Емирати, кои ќе поседуваат по 15% удел. Кинеската матична компанија БајтДенс ќе задржи 19,9%.

Меѓу другите инвеститори се Сусквехана, Драгонер и ДГО, семејната канцеларија на основачот на Дел Технолоџис, Мајкл Дел.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави финализирањето на договорот преку својата платформа Truth Social.

„Многу сум среќен што помогнав во спасувањето на ТикТок! Сега ќе биде во сопственост на група големи американски патриоти и инвеститори, најголеми во светот, и ќе биде важен глас“, напиша Трамп.

Тој му се заблагодари и на кинескиот претседател Си Џинпинг за соработката и за одобрувањето на договорот.

„Можеше да постапи поинаку, но не го направи тоа и неговата одлука е за почит“, додаде Трамп.

Претходно американскиот информативен портал „Семафор“ објави дека Вашингтон и Пекинг постигнале договор за продажба на американските операции на ТикТок на група инвеститори со седиште главно во САД.

Завршувањето на договорот се совпаѓа со рокот од 22 јануари, утврден со извршна наредба на Трамп, со која беше привремено одложена федералната забрана за апликацијата.

Иако легислативата од 2024 година наложуваше продажба поради загриженост за заштита на личните податоци, Трамп повеќепати го продолжуваше рокот за да се олесни транзицијата. Накратко платформата беше недостапна пред неговата инаугурација, но повторно беше активирана по интервенцијата на претседателот.

Повеќе
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран