| Macedonian
Маск: СпејсX го промени својот приоритет, целта сега е да се насели Месечината, а не Марс
Приоритет е обезбедувањето на иднината на цивилизацијата, во таа смисла Месечината е побрза, патувањето до Марс е можно само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци, а можеме да летаме до Месечината на секои 10 дена
Маск: СпејсX го промени својот приоритет, целта сега е да се насели Месечината, а не Марс
Тој, исто така, истакна дека компанијата останува посветена на изградба на град на Марс и дека тоа ќе започне за околу пет до седум години / Reuters

Сопственикот на Тесла и компанијата СпејсX, Илон Маск, изјави дека приоритетот на компанијата се променил и дека сега целта е да се насели Месечината, а не Марс.

Тој во објава на социјалната мрежа X рече дека тоа би можело да се случи за помалку од 10 години.

„Најважниот приоритет е обезбедувањето на иднината на цивилизацијата, во таа смисла Месечината е побрза. Патувањето до Марс е можно само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци (време на патување од шест месеци), додека ние можеме да летаме до Месечината на секои 10 дена (време на патување од два дена)“, напиша Маск.

Тој, исто така, истакна дека компанијата останува посветена на изградба на град на Марс и дека тоа ќе започне за околу пет до седум години, и дека ова е водечка цел на компанијата СпејсХ уште од нејзиното основање во 2002 година.

Инаку, СпејсX пред неколку дена објави дека го купи xAИ, спојувајќи ги двете компании на милијардерот Илон Маск во она што се вели дека е највредната приватна компанија во светот.

Минатата недела, СпејсX поднесе барање за дозвола од Федералната комисија за комуникации за лансирање констелација од еден милион сателити, со цел создавање мрежа од центри за податоци напојувани од сончева енергија за цели на вештачка интелигенција.

Лансирани од масивната ракета Старшип, овие сателити ќе формираат констелации во вселената и ќе служат како лебдечки суперкомпјутери.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови