| Macedonian
КУЛТУРА
3 мин читање
Филмот „Грешници“ доби рекордни 16 номинации за Оскар
Филмот, во кој Мајкл Б. Џордан глуми двајца браќа близнаци кои отвораат блуз клуб во Мисисипи во 1930-те, додека се борат против расизмот и вампирите, заработи 368 милиони долари низ целиот свет
Филмот „Грешници“ доби рекордни 16 номинации за Оскар
Рајан Куглер е номиниран за најдобар режисер, а Мајкл. Б Џордан за најдобар актер / Reuters

Критички признатиот хорор филм „Грешници“ на Рајан Куглер стана првиот филм номиниран доби рекордни 16 номинации од 24 категории за најпрестижната филмска награда Оскар, која ќе се доделува по 98 пат.

Церемонијата на доделувањето е на 14 март, а ќе ја води комичарот Конан О‘Брајен.

Филмот, во кој Мајкл Б. Џордан глуми браќа близнаци кои отвораат блуз клуб во Мисисипи во 1930-те, додека се борат против расизмот и вампирите, заработи 368 милиони долари низ целиот свет.

Филмот е номиниран за наградите најдобар филм, режисер, глумец, споредна машки и женска улога, и за инаугуративната награда „Оскар“ за кастинг и други категории.

Досега ниту еден филм пред „Грешници“ не добил повеќе од 14 номинации - нешто што го постигнале само „Сè за Ева“ (1950), „Титаник“ (1997) и „Ла Ла Ленд“ (2016).

Следен на листата е филмот „Една битка по друга“, политички набиена сериозна комедија на Пол Томас Андерсон со 13 номинации, која беше на врвот на нашите омилени филмови за 2025 година.

Веќе јасен фаворит во сезоната на награди, откако освои голема награда на „Златните глобуси“ претходно овој месец, „Една битка по друга“ се смета за фаворит за најдобар филм и најдобар режисер. Пол Томас Андерсон никогаш не освоил Оскар - и покрај 11 номинации за филмови како „Ќе има крв“, „Господарот“ и „Фантомска нишка“.

Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Формула 1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти величествениот“, „Сентиментална вредност“, „Тајниот агент“, „Бугонија“ и „Соништа за возови“.

Тимоти Шаламе („Марти величествениот“), Леонардо ДиКаприо („Една битка по друга“), Итан Хок („Сина месечина“), Мајкл Б. Џордан („Грешници“) и Вагнер Моура („Тајниот агент“) добија номинација за најдобар актер, а Џеси Бакли („Хамнет“), Розу Бирн („Ако имав нозе би те шутнала“), Кејт Хадсон („Љубовна песна“), Ренате Реинсве („Сентиментална вредност“) и Ема Стоун („Бугонија“) за најдобра актерка.

За најдобра споредна машка улога се номинирани Бенисио дел Торо („Една битка по друга“), Џејкоб Елорди („Франкенштајн“), Делори Линдо („Грешници“), Шон Пен („Една битка по друга“) и Стелан Скарсгард („Сентиментална вредност“), а во женска конкуренција Ел Фанинг („Сентиментална вредност“), Инга Ибсдотер Лилеос („Сентиментална вредност“), Ејми Мадиган („Оружја“), Вунми Мосаку („Грешници“) и Тејана Тејлор („Една битка по друга“).

Во конкуренција за најдобра режија се Клое Жао за „Хамнет“, Пол Томас Андерсон за „Една битка по друга“, Рајан Куглер за „Грешници“, Јоаким Триер за „Сентиментална вредност“ и Џош Сафди за „Марти величествениот“.

За Оскарот за најдобар странски филм ќе се борат „Сентиментална вредност“ (Норвешка), „Тајниот агент“ (Бразил), „Тоа беше само несреќа“ (Иран), „Сират“ (Шпанија/Франција) и „Гласот на Хинд Баџаб“ (Тунис).

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови