| Macedonian
Дневен блиц за 20.11.2026
00:00
00:0000:00
Политика
Дневен блиц за 20.11.2026
Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 20 Ноември.
 

 МВР предупредува родителите да ги зашптитат децата од онлајн групата 764, ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите, европски и американски претставници разговараа за безбедносните гаранции за Киев. Слушате блиц вести на ТРТ Балкан на македонски за петок 20 Ноември.  

МВР со предупредување до родителите: Заштитете ги децата од онлајн групата „764“

Министерството за внатрешни работи упатува апел до родителите, старателите, наставниците и пошироката јавност за зголемена внимателност во однос на појавата позната како „764“- насилна онлајн заедница чии членови таргетираат деца, малолетници и други ранливи лица, со цел нивно манипулирање, заплашување и принудување на опасни и насилни дејствија.

Зеленски: Украина, САД и Европа разговараа за безбедносните гаранции за Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека разговорите со САД и европските партнери во Берлин се фокусирале на безбедносните гаранции за Украина и подготовките за почетниот мултилатерален состанок на преговарачките тимови со целосно учество на Европа.

Разговорите се дел од подготовките за можна следна рунда мултилатерални преговори во кои учествуваат Украина, Русија, САД и европски претставници.

ЕУ ќе го повика претставникот на Русија по нападите на Киев и оштетувањето на амбасадите

Европската Унија ќе го повика претставникот на Русија во Унијата на разговори како одговор на нападите врз Киев, во кои беа оштетени бројни дипломатски објекти, вклучувајќи европски и неевропски амбасади, изјави вчера високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Политико: Трамп ја доведува во прашање европската воена помош за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја доведе во прашање континуираната воена помош на европските земји за Украина тврдејќи дека Русија е сериозна во врска со преговорите за мир, објави Политико.

Според Поллитико кој се повикува на европски претставници Трамп исто така, им кажал на европските лидери дека Путин е сериозен во врска со преговорите и е подготвен да постигне мировен договор со Украина. Сепак, американски претставник ги оспори информациите дека Трамп им наложил на европските земји да престанат да ја финансираат Украина.

АПЕК: Потребна е посилна поврзаност и помалку трговски бариери

Лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) повикаа на посилна регионална поврзаност и помалку институционални бариери за трговија и инвестиции по дводневниот самит во Кина, според изјавите објавени во петокот.

Тоа беше се за денешните блиц вести. За повеќе информации посетете не на macedonian.trtbalkan.com.

 

 

 

 

Слушни повеќе
Дневен блиц за 19.11.2026
БАЛКАН КАСТ - Дали треба да се врати задолжителниот воен рок?
БалканКаст: Како вештачката интелигенција го менува македонскиот јазик?
БалканКаст: Партнер или сосед? Како дигиталната Шенген бариера го „закочи“ Западен Балкан
БалканКаст - Подемот на турската одбранбена индустрија
БалканКаст: Три балкански држави го делат, но кој ќе го спаси Преспанското Езеро
БалканКаст: Како геополитиката ќе ја обликува македонската брза пруга
Негативниот наратив кон мигрантите и бегалците му штети на јавниот интерес
БалканКаст: Македонскиот поет кој ја опеа болката на Палестинците
БалканКаст: Зошто спортските дресови се хит на аукциите