Идејата произлезе од клиничката пракса, откако комбинацијата на звучен и светлосен стимулус поттикнала реакција кај девојче кое претходно воопшто не реагирала на сопственото име.
По повеќегодишен развој, првичните тестирања на 12 пациенти покажаа извонредни резултати: контактот со очи и реакцијата на име скокнале од под 15% на над 80% при користење на уредот.
Уредот функционира преку безбедна и еколошка блутут-технологија без штетно зрачење, се користи едноставно со само едно копче и е подеднакво прилагоден за работа во ординации и во домашни услови.
Покрај асистивниот уред, д-р Качка ја разви и специјалната логопедска чаша (SLP Cup), која исто така настана во клинички услови како решение за отстранување на аномалиите и тренирање за правилен говор.
Наместо традиционалните логопедски сонди, кои знаат да бидат стресни и непријатни за најмалите пациенти, оваа чаша го користи природниот рефлекс – со нанесување мед или крем на нејзините платформи, детето инстинктивно и без присила го вежба јазикот. Покрај децата, чашата наоѓа успешна примена и кај пациенти по мозочен удар или при тешкотии со голтање.
Целта на тимот е овие решенија да стигнат до логопедите, дефектолозите, градинките и здравствениот систем, бидејќи раната интервенција на возраст од една до три години носи најбрзи резултати и отвора пат за полесна социјализација на децата со аутизам или говорни препреки.