| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
УНРВА: Помошта за Газа од воздух е 100 пати поскапа од испораката по копнен пат
Ако постои политичка волја да се дозволи нешто толку скапо, неефикасно и недоволно, треба да има и политичка волја за отворање копнени премини, изјави комесарот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) Филип Лазарини
УНРВА: Помошта за Газа од воздух е 100 пати поскапа од испораката по копнен пат
Камионите транспортираат двојно повеќе помош од авионите, рече Лазарини и додаде дека 6.000 камиони чекаат да влезат / AP
1 август 2025

Доставата на хуманитарна помош во Појасот Газа по воздушен пат е дури 100 пати поскапа од испораката со камиони преку копнени премини, изјави комесарот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) Филип Лазарини.

„Доставата на помош по воздушен пат е најмалку 100 пати поскапа од транспортот со камиони. Камионите транспортираат двојно повеќе помош од авионите“, рече Лазарини во објава на социјалната мрежа Х.

Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Египет, Франција и други земји продолжија со дотурање помош од воздух откако Израел повторно ја одобри таквата практика минатата недела.

Обединетите нации претходно предупредија дека ваквите испораки не се само премногу скапи, туку и опасни, додека жителите на Газа изјавија за СИ-Ен-ЕН дека се чувствуваат понижени затоа што се „принудени да трчаат како кучиња за помош фрлени од авион“.

„Ако постои политичка волја да се дозволи нешто толку скапо, неефикасно и недоволно, треба да има и политичка волја за отворање копнени премини“, истакна Лазарини.

Тој додаде дека УНРВА има околу 6.000 камиони со помош подготвени да влезат во Газа, но дека Израел инсистира на проверка на секое возило пред да ја премине границата.

За време на прекинот на огнот од јануари до март, УНРВА успеала да влезе во Газа со 500 до 600 камиони дневно, потсети Лазарини.

„Ниедна алтернативна хуманитарна структура, вклучително и новата американска иницијатива - Хуманитарната фондација за Газа (ГХФ), не постигна споредлив резултат со пристапот координиран од Обединетите нации, во кој УНРВA игра клучна улога“, заклучи Лазарини.

Повеќе
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир
Трамп: Имаме договор за Гренланд, нема да воведам царини за Европа
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната