| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Тајани: Иднината на Западен Балкан се вика Европа
Вучиќ на конференцијата за новинари со министерот за надворешни работи на Италија порача дека Србија ќе работи на спроведување на европскиот договор за Косово, но дека не станува збор за признавање на Косово или членство на Косово во ОН
Тајани: Иднината на Западен Балкан се вика Европа
Тајани: Иднината на Западен Балкан се вика Европа / Photo: AA / AA
21 март 2023

Потпретседателот на италијанската Влада и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани, денес во Белград порача дека Европа е иднината на регионот Западен Балкан.

„Го поздравуваме пристапот на Србија и сакаме Балканот што поскоро да стане дел од ЕУ, и тоа политички“, рече Тајани на конференцијата за новинари по состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тајани додаде дека „е сигурен дека иднината на Западен Балкан се вика Европа“.

Потпретседателот на италијанската Влада, Тајани, најави дека кон почетокот на април ќе

организира состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан во Рим, со цел да се потврди приврзаноста на Италија со идејата дека Балканот е дел од Европа.

Тајани го нарече Вучиќ „човек на мирот“ и додаде дека преговорите по прашањето за Косово не биле лесни, но дека Вучиќ е заслужен што ситуацијата на просторот на Балканот денес е посмирена.

„Србија може да има одлучувачка улога со која би се гарантирала стабилноста на едно подрачје, што би придонело и за решавање на прашањето на миграциите и повеќе можности да ги решаваме воените судири што биле присутни на овие простори“, посочи Тајани.

Тој подвлече дека новата Влада на Италија е одлучна политиката кон Балканот да ја воспостави како стратешки приоритет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод европскиот договор за Косово и анексот за имплементација, истакна дека за Србија е правно-обврзувачки кога ќе стави потпис или печат на нешто или со тоа усно се согласи и додаде дека никој, освен претседателот и во некои случаи премиерот и министерот за надворешни работи, не може да произведе правни последици за Србија.

„Србија работи на имплементација на сè она што го кажала дека ќе го стори, и покрај тоа што не мислам дека Приштина ќе ја исполни единствената обврска - да формира Заедница на српски општини“, рече Вучиќ во своето обраќање на прес-конференцијата за медиумите.

Вучиќ повтори дека нема збор за признавање на Косово, членство во Обединетите нации и во агенциите и телата на ОН, а може да се зборува за сѐ друго што води кон подобрување на односите со Албанците.

Претседателот на Србија рече дека Италија отсекогаш ја поддржувала Србија и на европскиот пат и во меѓународните форуми и дека никогаш не водела политика на притисоци врз Србија.

Тој укажа и на важноста на економската соработка со Италија, која е втор најголем инвеститор што во Србија вработува околу 22.000 лица, и најави почеток на производството на електричен автомобил во фабриката „Стелантис“ во Крагуевац.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Курти: Депортирани мигранти пристигнуваат во Косово од САД според договорот со Трамп
Москва: Предлозите на ЕУ за користење на руски имот се нелегални
ЕУ ќе ги замрзнува руските средства на потрајна основа
Сириза ја повика грчката влада да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел
Јапонија го укина предупредувањето за цунами по силен земјотрес
Тајланд го распушти парламентот за предвремени избори
Претставничкиот дом на САД ја отфрли иницијативата за импичмент на Трамп
Туркменистан е домаќин на меѓународен форум по повод 30-годишнината од неговата трајна неутралност
Ердоган: Туркије е посветена на промовирање на мирот и дијалогот
Албанските граѓани протестираа во Тирана против корупцијата и сиромаштијата
ЕК предлага мерки за намалување на трошоците за енергија и зголемување на енергетската независност
ДЗС: Зголемен бројот на туристи и ноќевања
Димитриеска-Кочоска во Истанбул: Влегуваме во нова фаза на економска трансформација
Зеленски: САД е за примирје само по рамковниот договор, Туркије прави напори за енергетско примирје
Лавров: Русија нема агресивни планови кон ЕУ и НАТО, подготвени сме да гарантираме писмено