| Macedonian
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Климатските промени закана за европските скијачки центри
Климатските промени ја загрозуваат иднината на европските скијачки центри, а новото истражување покажа дека дури и машините за вештачки снег ќе можат само делумно да го компензираат недостатокот на природен снег
Климатските промени закана за европските скијачки центри
Според проекциите од истражувањето, Алпите би биле особено погодени / Photo: AFP / AFP
2 септември 2023

Околу половина од европските скијачки центри се изложени на висок ризик од недостаток на снег доколку просечната глобална температура се зголеми за 2 Целзиусови степени, покажа истражувањето објавено во научното списание „Nature Climate Change“.

Доколку температурата се зголеми за 3 степени овој век, 91 отсто од европските скијачки центри би биле изложени на ризик да немаат доволно снег за зимски спортови. А ако температурата се покачи за 4 степени, тогаш речиси на сите скијачки центри во Европа ќе им недостига снег.

Речиси половина од сите скијачки центри во светот се наоѓаат во Европа.

Истражувањето опфатило 2.234 скијачки центри во 28 европски земји.

Доколку глобалните напори би го ограничиле зголемувањето на глобалните температури на 1,5 степени, како што е предвидено во Парискиот договор, само 32 отсто од скијачките центри би биле изложени на ризик од недостаток на снег. Тој удел би се намалил на 14 до 26 отсто со користење на вештачки снег.

Алпите би биле особено погодени, според проекциите од истражувањето.

Со глобалното затоплување од 3 степени, ризикот од недостаток на снег без вештачки снег би бил 100 отсто на германските Алпи, 94 отсто во Австрија, 93 отсто во Франција и 87 отсто во Швајцарија.

Доколку глобалното затоплување се ограничи на 1,5 степени, што според експертите е се помалку веројатно, ризикот од недостаток на снег на германските Алпи би изнесувал 20 отсто, во Австрија 7 отсто, во Франција 4 отсто, а во Швајцарија 5 отсто. .

Скијачките центри треба да инвестираат во машини за вештачки снег што ќе им овозможат сигурно снабдување со снег за дел од годината во некои области.

Но некои експерти забележуваат дека тоа ќе ја зголеми побарувачката за вода и електрична енергија како и емисиите на стакленички гасови во скијачките центри.

Авторите на истражувањето бараат да се преиспита дали некои региони треба да останат зависни од зимскиот спортски туризам, особено ако се има предвид големата потрошувачка на енергија и вода, кои и онака се дефицитарни во некои планински области.

Повеќе
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле
Ердоган: Туркије е секогаш на страната на мирот, а не на страната на војната
Медиуми: Либански Хезболах испалил 100 ракети кон области во Северен Израел
Пезешкијан: Крај на конфликтот само со признавање на легитимните права на Иран
Трамп вели дека војната на САД и Израел во Иран ќе заврши наскоро