Природен феномен во Коња: Сѐ повеќе вртачи секоја година
КУЛТУРА
3 МИН ЧИТАЊЕ
Природен феномен во Коња: Сѐ повеќе вртачи секоја годинаПречникот и вдлабнатините на вртачите во минатото биле поголеми, пречникот на одредени места бил меѓу 450-500 метри до еден километар, а длабочината од 140 до 150 метри
Вртачи настануваат од варовник кој со текот на времето се раствора под земја и со рушење на тлото / Photo: AA / AA
5 септември 2023

Бројот на вртачи или кружни вдлабнатини кои настануваат од варовник кој со текот на времето се раствора под земја, и со рушење на тлото, се зголемува секоја година на подрачјето на турската област Коња.

Директорот на Центарот за истражување и примена на Техничкиот универзитет во Коња проф. д-р. Фетула Арик, во разговор за Анадолу изјави дека во последните години спроведуваат истражувања на вртачите кои се формираат на подрачјето на Коња.

„Постојат 600 вртачи подлабоки од еден метар. Во овој регион оваа година забележавме повеќе од 20 вртачи. Темпото на формирање на вртачите е видливо во пораст. Пред 20 години беа една до две годишно, а сега имаме од 20 до 25 вртачи. Во некои години има и триесетина вртачи“, рече Арик.

Додаде дека формирањето на вртачите може да продолжи и до крајот на годината, првенствено поради наводнувањето во земјоделството.

Вртачите во минатото

Тој појасни дека во минатото вртачите најчесто се формирале во карбонатни карпи.

„Таму може да се формираат многу големи вртачи без никакви назнаки до самиот момент на колапс. Повеќето од дупките што се формираат сега се јавуваат на не толку стари предели“, истакна Арик.

Како што рече, пречникот и вдлабнатините во минатото биле поголеми, напоменувајќи дека пречникот на одредени места бил меѓу 450-500 метри до еден километар, а длабочината од 140 до 150 метри.

„Пречникот на повеќето вртачи формирани во последните години е 50-60 метри, а длабочината е 15-20 метри. Дупките што се формирани во карпите во минатото се многу поголеми. Овие сега се малку помали, но не до толку мали. Доволно големи да проголтаат просечна куќа“, истакна експертот.

Проценки за иднината

Арик рече дека пречникот на вртачите формирани на полето во Карапинар минатата година бил околу 35 метри.

„Пречникот на вртачите формирани оваа година главно беше околу 20-25 метри. Тешко е да се предвиди дали ќе се намали или зголеми. Наеднаш може да се појави поголема вртача во зависност од основната структура на тлото“, изјави Арик.

Вртачите се вдлабнатини во форма на инка, тркалезни или долгнавести кои настануваат со растворање на варовникот и доломитот во тектонски фрактурирани подрачја.

Повеќе
Орбан: Планот на ЕУ за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна против Унгарија
Европските земји ги осудуваат израелските мерки за проширување на контролата врз Западниот Брег
Објавени имињата на шест потенцијални соучесници на Епштајн прикриени во неговите досиеја
Стотици демонстранти протестираа пред австралискиот парламент против посетата на Херцог
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“