| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Блинкен стигна во Киев во ненајавена посета
Очекуваме секретарот да објави повеќе од милијарда долари ново американско финансирање за Украина за време на оваа посета, рече висок претставник на американскиот Стејт департмент
Блинкен стигна во Киев во ненајавена посета
Oва е четвртата посета на Блинкен на Киев од почетокот на војната во Украина / Photo: Reuters / Reuters
6 септември 2023

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во ненајавена посета на Киев, каде се очекува да објави повеќе од милијарда долари свежа помош за Украина.

„Очекуваме секретарот да објави повеќе од милијарда долари ново американско финансирање за Украина за време на оваа посета“, рече висок претставник на американскиот Стејт департмент на пат за Киев. Стејт департментот соопшти дека Блинкен пристигнал во главниот град на Украина и бил пречекан од американската амбасадорка Бриџит Бринк.

Блинкен се очекува да се сретне со претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба за да разговараат за тековната контраофанзива на украинската армија и напорите за реконструкција на земјата.

Официјални претставници на Вашингтон рекоа дека можните алтернативни патишта за извоз на украинското жито, исто така, ќе бидат разгледани по излегувањето на Русија од Иницијативата за жито во Црното Море и нејзиното често бомбардирање на пристанишните објекти во регионот Одеса, од каде што повеќето жито се транспортираат во странство.

Инаку, ова е четвртата посета на Блинкен на Киев од почетокот на војната во Украина.

Повеќе
Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Кина започнува големи политички состаноци за да го претстави петгодишниот план за раст
Политико: Мерц молчи додека Трамп ги напаѓа европските сојузници
Косово пред избор на нов претседател или парламентарни избори
Трамп ѝ нареди на американската морнарица да ги придружува танкерите низ Ормускиот теснец
Израел започна големи воздушни напади врз Техеран
Израел вели дека ги нападнал објектите на иранската внатрешна безбедност и Басиџ во Техеран
Авион на Ер Србија евакуираше од Израел граѓани од Србија, БиХ, Македонија, Хрватска и Црна Гора
Иран уништил воена опрема на САД вредна речиси 2 милијарди долари во првите 4 дена од војната
Фидан: Иранското бомбардирање на земјите од Персискиот Залив е невероjaтно погрешна стратегија
Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран
Трамп: САД ја прекинуваат целата трговија со Шпанија
Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран
Експлозии се слушаат низ Дубаи во нова серија пресретнати ирански напади
Трамп призна дека нафтата поскапува, но ќе се стабилизира по крајот на конфликтот