| Macedonian
Загубата на ѕвездите на ноќното небо доби официјален термин
Загадувањето со светлина се зголемува за речиси 10% годишно, предизвикано од осветлувањето на објектите кое се проширува не само врз областа која треба да биде осветлена, туку и нагоре кон небото
Загубата на ѕвездите на ноќното небо доби официјален термин
80% од светското население живее во области каде има изразено светлосно загадување / Фото: AFP / AFP
23 септември 2023

Астрономите смислија нов збор кој го опишува тагувањето за загубата на ѕвездите на ноќното небо. Кованицата нокталгија означува тага за ноќното небо и се поголемото загадување од светлина.

Густината на градовите, загадувањето и бројните продорни светла се повеќе го отежнуваат погледот кон ѕвездите.

Загадувањето со светлина се зголемува за речиси 10% годишно, предизвикано од осветлувањето на објектите кое се проширува не само врз областа која треба да биде осветлена, туку и нагоре кон небото.

Се проценува дека околу 80% од светското население живее во области каде има изразено светлосно загадување.

На самата планета Земја преостанати се малку локации од кои може да се набљудува небото, така како што тоа го правеле нашите претци.

Проблемот не ги погодува само „романтичарите“

Иронично е што штедливите ЛЕД сијалички, кои трошат помалку електрична енергија и се подолготрајни, всушност го зголемуваат светлосното загадување. Поради ниските трошоци повеќето од нив работат непотребно во текот на ноќта и влијаат на влошување на состојбата.

Освен носталгија за некоја идлична летна ноќ на отворено, кога романтично може да се набљудуваат ѕвездите, светлосното загадување може да предизвика и големи проблеми во науката.

Меѓу нив се пречките за астрономите за набљудување на објекти во длабоката вселена од земјените опсерватории. Загадувањето го влошуваат и големиот број сателити во ниската земјина орбита, што дополнително ја отежнува работата на астрономите.

Од друга страна прекумерната изложеност на вештачка светлина може да предизвика и здравствени проблеми, како што е оштетување на видот, сметаат научниците.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Што е вирусот Нипа кој шири страв низ јужна Азија?
ЕУ сака да го сопре бесконечното скролување- го тужи ТикТок дека не го заштитува менталното здравје
Биткоинот изгуби 25 проценти од својата вредност во последните седум дена
Европски суд: Одлуката на Италија за забрана на одгледување на ГМО пченка е легитимна
Албанија ја укина привремената забрана за TикТок
Кина бара од ЕУ да дозволи фер конкуренција, ја критикува истрагата за Голдвинд како дискриминирачка
Маск: Рацијата во француските канцеларии на X е политички напад
Француската полиција врши претрес во канцеларијата на Х во Париз
Шпанија ќе им забрани на лицата под 16 години пристап до социјалните медиуми
СпејсX го купи xAИ: Илон Маск ги спои двете свои најголеми компании
Десетици илјади вработени во јавниот превоз штрајкуваат во Германија
Сингапур ќе ја основа првата национална вселенска агенција во април
АпСкролд, конкурент на TикТок, е на врвот на АП Стор во САД
Кина најавува центри за податоци за ВИ во вселената
Франција воведува национална платформа за видеоконференции до 2027
Мета тестира премиум претплати на платформите Инстаграм, Фејсбук и Вотсап
Мета, ТикТок и Јутјуб соочени со значајно судење по тужба дека се штетни за здравјето на децата
Гугл ќе плати казна во тужба за тајно слушање на корисниците
ЕУ покрена официјална истрага за Грок на X поради експлицитни фотографии
Јужна Кореја ќе гради два нови нуклеарни реактори