| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северно Косово
Премиерот на Албанија посочи дека процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и градењето односи со Србија се стратешки за неговата земја и за албанскиот народ
Рама: КФОР мора да ја преземе контролата врз северно Косово
Секое двоумење и одложување може да ја направи утрешната интервенција на КФОР да биде многу потешка, рече Рама / Photo: AA / AA
28 септември 2023

Албанскиот премиер Еди Рама во четвртокот ги повика КФОР, меѓународните мировни сили под водство на НАТО алијансата, да ја преземат контролата врз северно Косово за да се спречи каков било поголем конфликт, кој денес е поверојатен од кога било досега.

„За да на кој било начин и со какви било средства се спречи овој конфликт, кој денес изгледа поверојатен од кога било досега КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово. Ова е предлог што го дадов порано и на самитот на НАТО и самиот детално објаснив зошто. Сега секое двоумење и одложување, вклучително и аргументот дека „немаме доволно војници“ може да ја направи утрешната интервенција на КФОР да биде многу поголема во однос на војниците, но и потешка“, рече Рама.

Тој посочи дека процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и градењето односи со Србија се стратешки за неговата земја и за албанскиот народ.

Осврнувајќи се на убиството на косовски полицаец на 24 септември и тензиите на северот на Косово, Рама рече дека Србија „наместо да го истражи криминалниот настан, кој беше предизвикан од српска криминална група, а не од косовската полиција“, избра да ги почитува убиените напаѓачи и прогласи ден на жалост.

Во судирите меѓу косовската полиција и вооружена група во Бањска, општина Звечан, во неделата загинаа полицаецот Африм Буњаку и тројца напаѓачи од српска националност.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Кина започнува големи политички состаноци за да го претстави петгодишниот план за раст
Политико: Мерц молчи додека Трамп ги напаѓа европските сојузници
Косово пред избор на нов претседател или парламентарни избори
Трамп ѝ нареди на американската морнарица да ги придружува танкерите низ Ормускиот теснец
Израел започна големи воздушни напади врз Техеран
Израел вели дека ги нападнал објектите на иранската внатрешна безбедност и Басиџ во Техеран
Авион на Ер Србија евакуираше од Израел граѓани од Србија, БиХ, Македонија, Хрватска и Црна Гора
Иран уништил воена опрема на САД вредна речиси 2 милијарди долари во првите 4 дена од војната
Фидан: Иранското бомбардирање на земјите од Персискиот Залив е невероjaтно погрешна стратегија
Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран
Трамп: САД ја прекинуваат целата трговија со Шпанија
Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран
Експлозии се слушаат низ Дубаи во нова серија пресретнати ирански напади
Трамп призна дека нафтата поскапува, но ќе се стабилизира по крајот на конфликтот