| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Северниот дел на Газа во урнатини по повлекувањето на израелската армија
Екипата на Анадолу ја сними најновата ситуација во подрачјето на Сафтави, Абу Шар, Фалуџа и Џабалија каде населбите се во урнатини, уништени се стотици куќи, отпадните води течат по улиците па постои опасност од здравствена и еколошка катастрофа
Северниот дел на Газа во урнатини по повлекувањето на израелската армија
Жителите на населбите доаѓаат до она што останало од нивните домови по повлекувањето на израелската армија / Photo: AA / AA
18 јануари 2024

Израелската армија зад себе остави големи разурнувања при повлекувањето од некои населби во северниот дел на Појасот Газа.

Екипата на Анадолу ја сними најновата ситуација во подрачјето на Сафтави, Абу Шар, Фалуџа и Џабалија. Населбите се во урнатини.

Уништени се стотици куќи, а на голем број е предизвикана значителна материјална штета.

Отпадните води течат по улиците каде што има големо количество ѓубре и урнатини.

Постои опасност од здравствена и еколошка катастрофа.

Жителите на населбите, кои речиси се претворени во места на духови, доаѓаат до она што останало од нивните домови по повлекувањето на израелската армија.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во понеделникот изјави дека копнената операција со висок интензитет во северниот дел на Појасот Газа е завршена.

„Наскоро ќе заврши на југот на Појасот Газа“, рече Галант, без да даде точна временска рамка.

Галант додаде дека израелските сили ќе продолжат со операции со низок интензитет во северниот дел на Појасот Газа, каде што работат на лоцирање на преостанатите позиции на Хамас во областа.

Според последните информации, од 7 октомври досега во израелските напади врз Појасот Газа загинати се најмалку 24.448 Палестинци, а 61.504 се повредени.

Според податоците на ОН, 85 отсто од населението во Газа веќе е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Зеленски: Украина нема ниту законско, ниту морално право да ги предаде своите територии на Русија
Смотрич одобри 843 милиони долари за проширување на нелегалните населби на Западниот Брег
Хрватска купува 18 самоодни хаубици ЦЕЗАР од Франција
Тања Фајон: Не размислувам да се кандидирам за генерален секретар на ОН
Силен земјотрес во Јапонија повреди 30 лица, цунамито стигна до брегот на Пацификот
Шест војници убиени, двајца ранети во напади на милитанти во Пакистан
Европскиот совет постигна договор за текстот на законот на ЕУ за враќање на илегалните мигранти
Ердоган: Туркије се приближува до целта за трговска размена со Унгарија од 6 милијарди долари
Зеленски: И натаму постојат празнини во врска со Донбас во преговорите кои ги преводат САД
Ердоган го поздрави напредокот на Сиријците, вети континуирана поддршка за единството на Сирија
Гаши: Денешниот ден да биде поттик за поголема посветеност кон меѓусебното почитување
Ахмад ал-Шара вети обнова и силна Сирија достојна на своето минато и сегашност
Израелската армија гранатира области во Појасот Газа и покрај прекинот на огнот
Од денеска во Србија почнува пријава за легализација на дивоградбите
Речиси 80 отсто од жителите на Еврозоната сметаат дека еврото е добро за ЕУ