| Macedonian
СВЕТ
3 МИН ЧИТАЊЕ
На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак
Во соопштението на Бакингемската палата само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на рак се работи, како и дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи
На британскиот крал Чарлс му е дијагностициран рак
Во овој момент се чини дека ракот е откриен во рана фаза и прогнозата е добра, пишува Дејли Мејл / Photo: Reuters / Reuters
6 февруари 2024

На британскиот крал Чарлс Трети му бил дијагностициран рак за време на неодамнешната посета на болницата поради зголемена простата, соопшти Бакингемската палата.

Во соопштението само се наведува дека е откриена „форма на рак“, но не се наведува за каков вид на рак се работи.

Се додава дека Чарлс ќе оди на редовна терапија, поради што планираните јавни настапи ќе ги одложи до дополнително известување.

„Кралот Чарлс одлучи да соопшти дека му е дијагностициран рак за да избегне шпекулации и со надеж дека тоа ќе им помогне на луѓето ширум светот кои имаат рак“, се вели во соопштението.

Семејството и пријателите велат дека се воодушевени од неговата одлучност да продолжи да ги извршува своите должности како што обично прави. Во овој момент се чини дека ракот е откриен во рана фаза и прогнозата е добра, пишува Дејли Мејл.

Во последните месеци, Чарлс често одел во замокот Виндзор во недела навечер за да помине време со принцот Вилијам, пишува The Sun, додавајќи дека таткото и синот стануваат се поблиски.

Чарлс телефонски ги контактирал за да ги информира блиските членови на семејството, вклучително и отуѓениот син Хари, кој ќе дојде од Калифорнија да го види својот татко.

На Хари му треба претходна дозвола од Бакингемската палата за да остане на кралскиот имот. Британските медиуми потсетуваат дека летово морал да ги врати клучевите од колибата Фрогмор кога Хари и неговата сопруга Меган Маркл го напуштиле имотот. Неговото барање да остане во замокот Виндзор беше одбиено од палатата кога последен пат ја посети Обединетото Кралство во септември, а Хари на крајот престојуваше во хотел.

Кралот Чарлс вчера во утринските часови пристигна во Лондон од својот имот во Сандрингам. Со него е и неговата сопруга Камила, а се очекува кралот да започне со лекување.

Останатите членови на кралското семејство сега ќе мора да преземат некои должности, меѓу кои и принцот од Велс, кој наскоро ќе се врати на јавниот живот, иако неговата сопруга Кејт исто така има сериозни здравствени проблеми.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Москва ја обвини Украина за напад со дронови врз брод за течен природен гас во Медитеранот
Кина започнува големи политички состаноци за да го претстави петгодишниот план за раст
Политико: Мерц молчи додека Трамп ги напаѓа европските сојузници
Косово пред избор на нов претседател или парламентарни избори
Трамп ѝ нареди на американската морнарица да ги придружува танкерите низ Ормускиот теснец
Израел започна големи воздушни напади врз Техеран
Израел вели дека ги нападнал објектите на иранската внатрешна безбедност и Басиџ во Техеран
Авион на Ер Србија евакуираше од Израел граѓани од Србија, БиХ, Македонија, Хрватска и Црна Гора
Иран уништил воена опрема на САД вредна речиси 2 милијарди долари во првите 4 дена од војната
Фидан: Иранското бомбардирање на земјите од Персискиот Залив е невероjaтно погрешна стратегија
Медиуми: Синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, избран за нов ајатолах на Иран
Трамп: САД ја прекинуваат целата трговија со Шпанија
Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран
Експлозии се слушаат низ Дубаи во нова серија пресретнати ирански напади
Трамп призна дека нафтата поскапува, но ќе се стабилизира по крајот на конфликтот