| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Мерсиха Смаиловиќ најави кандидатура на претседателските избори во РСМ
„Ова за мене е голем предизвик, јас сум припадничка на бошњачката етничка заедница, која иако на многу полиња се истакнувала успешно, досега немала свој кандидат кој е претендент за позицијата претседател на државата. Затоа, ова е историски момент.“
Мерсиха Смаиловиќ најави кандидатура на претседателските избори во РСМ
Мерсиха Смаиловиќ најави кандидатура за претседателка на државата / Others
23 февруари 2024

Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) во Скопје организираше прес-конференција на која официјално објави дека на претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија ќе ја кандидира активистката за човекови права Мерсиха Смаиловиќ.

Претседателот на БДС, Мунир Колашинац изјави дека „партијата која ја предводи со проактивното учество на политичката сцена покажала дека политичките партии на помалкубројните заедници можат да бидат вистински генератори на општествените промени“.

Тој нагласи дека во пресрет на закажаните претседателски избори, Бошњаците „испишуваат историја, со претставување на Мерсиха Смаиловиќ за кандидатка за претседателка на земјава“.

„Таа на јавноста и е добро позната поради својот, слободно можеме да кажеме, повеќедецениски активизам за човекови права и унапредување на правата на жените. Со нејзината кандидатура за претседателка, ние само доследно го правиме она за што многумина зборуваат, а во кое за жал и не веруваат, а тоа е дека припадниците на помалкубројните заедници, освен што го имаат правото да гласаат, односно бираат, го имаат и правото да бидат избрани, подеднакво како и сите останати граѓани во ова наше убаво мултиетничко општество“, рече Колашинац.

„Кандидатурата на Мерсиха воедно е и тест за нивото на демократскта свесност на граѓаните и негувањето на цивилизациските вредности токму поради фактот што таа е дел од бошњачката заедница, но таа е и деловна жена, експерт и докажан активист од областа на човековите права“, додаде тој.

Смаиловиќ во изјавата за медиуимите рече дека кандидатура за претседателка на државата е вистински предизвик за неа како личност од повеќе аспекти.

„Првин затоа што сметам дека тоа е голема чест, привилегија, но и голема обврска. Второ, ова за мене е голем предизвик, јас сум припадничка на бошњачката етничка заедница, која иако на многу полиња се истакнувала успешно, досега немала свој кандидат кој е претендент за позицијата претседател на државата. Затоа, ова е историски момент. Но тоа што сум припадничка бошњачката заедница, не ме одредува во политички контекст дека мојата борба е исклучиво само за Бошњаците, туку за сите граѓани на ова мултиетничко општество“, рече Смаиловиќ. Меѓу другото, таа нагласи дека „тоа значи и борба во политичката сфера вистинските луѓе да бидат на вистинските места во вистинско време.“

Таа смета дека„ промената на наративот кој ги дели граѓаните на ваши и наши, подобни и неподобни е од круцијална важност во момент кога општеството е поларизирано.“

„Целта е во текот на кампањата да ги слушаме граѓаните и да одговориме на прашањата што ги засегаат граѓаните, да го направиме животот подобар за сите нив и да понудиме перспективи што ќе го направат жвиотот поприфатлив. За мене патриотизмот е борбата секој мој сограѓанин да живее подобро од денес, да се чувствува дека и припаѓа на држвата и дека и припаѓа“, изјави Смаиловиќ.

Таа ги повика сите граѓани, како што рече, „особено младите да се вклучат во создавање амбиент во кој вреди да се биде дел од оваа прекрасна држава и општество.“

Кандидатура за македонските претседателски избори најавија Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, додека кандидатура за претседател на државата од редовите на СДСМ не е официјално потврдена, се очекува нивниот кандидат да биде актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски. Кандидатура за претседател на државата најави Арбен Таравари од здружената опозиција на албанските политички партии во земјава, Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Билјана Ванковска од Левица, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Максим Димитриевски од ЗНАМ, како и докторот Вело Марковски.

Кандидатите за претседател до Државната изборна комисија треба да ги поднесат кандидатурите најдоцна до 21 март, а изборната кампања треба да почне на 1 април. За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи. Собирањето потписи започнува денес, на 23 февруари, а ќе заврши на 9 март. Доставувањето, пак, на кандидатурите завршува на 21 март. На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Гаши: Сеќавањето на изгубените животи во Кочани е повик за поголема одговорност, правда и совест
Туркије: Грција ги крши договорите со кршење на демилитаризираниот статус на островите
Германците ги преплавија полските гранични градови за поевтино гориво
Иранската влада не е во опасност од колапс, тврдат американските разузнавачки служби
Пентагон: Првите шест дена од војната во Иран чинеа повеќе од 11,3 милијарди долари
Трета група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
Дебата: Поддршката за Туркије и регионалната сигурност ќе ја тестира подготвеноста на НАТО
Експлозии над Ерусалим, детектирани лансирања од Иран
Цената на нафтата пак 100 долари за барел и покрај рекордното ослободување на стратешките резерви
Кина повикува на стабилност по нападите врз бродови во Ормускиот теснец
Ирак: По нападот на два нафтени танкера имаме право на одговор
Чилеанскиот претседател Хозе Антонио Каст положи заклетва како претседател
Пентагон потврди употреба на ВИ сред дебата дали грешка довела до кобниот напад врз училиште во Иран
Иран ја потврди контролата врз Ормускиот Теснец, ги предупреди САД: Немате право на премин
Трамп за Иран: Се уште не сме завршиле