| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Скопје:Одбележани 76-години од погубувањето на членовите на движењето Јуџел
На споменикот, кој беше поставен во 2021 година во основното училиште Тефејуз во Скопје, беа положени рози и изучени молитви за егзекутираните припадници на Јуџел
Скопје:Одбележани 76-години од погубувањето на членовите на движењето Јуџел
Скопје:Одбележани 76-години од погубувањето на членовите на движењето Јуџел / Photo: AA / AA
28 февруари 2024

Во Скопје се одржа комеморативна програма во спомен на погубените припадници на движењето Јуџел, пионерите на борбата на Турците кои живеат на територијата на Северна Македонија, односно Македонија во периодот на поранешна Југославија, кои имаа за цел да ги заштитат своите обичаи, традиција, религија и јазик од комунистичкиот режим.

На споменикот, кој беше поставен во 2021 година во основното училиште Тефејуз во Скопје, беа положени рози и изучени молитви за егзекутираните припадници на Јуџел.

На комеморативната програма организирана од Здружението Ќопру присуствуваа заменик-министерот за култура на Северна Македонија Онур Али и поранешниот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, како и претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на училиштето Тефејуз, ученици и гости.

Претседателот на здружението Ќопру, Хусрев Емин, одржа краток говор пред присутните за важноста на денот.

По молитвата на Мустафа Бодур, советник за верски работи при Амбасадата на Туркије во Северна Македонија, во спомен на членовите на движењето Јуџел, присутните положија рози на споменикот.

Движењето Јуџел

Турците муслимани кои живееја во Македонија почнаа да се собираат во 1937 година за да ги заштитат и зачуваат своите национални и духовни вредности, обичаи и традиции.

Движењето беше наречено Јуџел во 1945 година. За претседател е назначен Шуајб Азиз Ефенди, кој се школувал во скопската медреса „Атаулах Ефенди“, а студиите ги продолжил на Универзитетот „Ал Азхар“ во Египет, каде што студирал во областа на верското право, мистицизмот и филозофијата на западниот свет.

Како дел од активностите за елиминирање на сите националистички организации во Југославија, во август 1947 година се уапсени 17 члена на движењето и беше започнато нивно судење.

Судот на 25 јануари 1948 година осуди четворица членови на движењето на смрт. Шуајб Азиз, Адем Али, Али Абдурахман и Назми Омер беа застрелани на 27 февруари 1948 година. Други членови беа осудени на тешки затворски казни.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Објавени имињата на шест потенцијални соучесници на Епштајн прикриени во неговите досиеја
Стотици демонстранти протестираа пред австралискиот парламент против посетата на Херцог
Ердоган назначи нови министри за правда и внатрешни работи во реконструкцијата на кабинетот
Нетанјаху се сретна со американските преговарачи за Иран пред разговорите со Трамп
Тирана: Десетици приведени демонстранти и повредени полицајци на протестите против владата на Рама
Триесет години од атентатот врз претседателот Глигоров: Се бараат одговори на четири клучни прашања
Најмалку десет мртви во масакр во училиште во Канада
Фидан: Режимот во Иран нема да падне со воздушни напади
Трамп размислува за распоредување втор носач на авиони во близина на Иран
Мицкоски по заплената на 40 тони марихуана: Никој не е над законот
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс пристигна во посета на Азербејџан
Нетанјаху пред Трамп со „израелска визија“ за преговорите со Иран
Лидерката на британската опозиција вели дека премиерот „на функција, но не и на власт“
Иран: Нуклеарните разговори ја покажуваат сериозноста на САД
Кина ќе ги поддржи силите на Тајван кои се залагаат за обединување