| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Доживотен затвор за кочанчанецот кој со 40 убоди од нож уби жена
Според Основниот суд во Кочани, Усени Рашидов (60) признал дека е виновен за родово базирано насилство и на свиреп начин ја убил Танкица Младеновска (46), лани во Кочани
Доживотен затвор за кочанчанецот кој со 40 убоди од нож уби жена
Убиецот не признал дека ја уценувал жртвата, но неофицијално Рашидов долго време ја уценувал жената за да не објави компромитирачки снимки / Photo: Илустрација Врховен суд на РСМ
18 април 2024

Основниот суд во Кочани го осуди на казна доживотен затвор Усеин Рашидов (60) за свирепото убиство на Танкица Младеновска (46) во септември лани.

„По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело- Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор. Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож, соопштија од Јавното обвинителство.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството.

„Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка“, рекоа од ОЈО.

Крвавиот инцидент кој ја потресе македонската јавност се случи на 25 септември во Кочани.

Рашидов, поранешен колега на убиената од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место. Тој безмилосно ја избодел Танкица 40 пати, по што мирно ја пречекал полицијата ѝ се предал.

Иако убиецот не признал дека ја уценувал жртвата, неофицијално Рашидов долго време ја уценувал жената, од која зел поголема сума на пари, за да не објави компромитирачки снимки од неа.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Ќе распоредиме многу голема сила ако пропаднат преговорите со Иран
Ердоган и Судани разговараа за борбата со тероризмот и меѓусебната соработка
Вучиќ: Србија останува сигурен партнер на Кина во Европа
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево