| Macedonian
ПОЛИТИКА
4 мин читање
Претседателот на Колумбија: Постои реална закана од воена акција на САД
Не станува збор за соочување со голема армија со оружје што го немаме, ние дури и немаме воздушна одбрана, се потпираме на масите, нашите планини и џунгли, како што отсекогаш сме правеле, објасни колумбискиот претседател Густаво Петро
Претседателот на Колумбија: Постои реална закана од воена акција на САД
САД ризикуваат да бидат трансформирани од доминација над светот во изолација од светот, рече лидерот на Колумбија / Reuters
9 јануари 2026

Колумбискиот претседател Густаво Петро денес изјави дека верува оти сега постои „реална закана“ од воената акција на САД во Колумбија.

„Изјавите на Трамп претставуваат реална закана. Перспективата за отстранување на заканата зависи од тековните разговори“, рече Петро во изјава за Би-Би-Си, наведувајќи го како пример губењето на Панама во 20 век.

Кога беше прашан како Колумбија би се одбранила во случај на американски напад, Петро рече дека „би претпочитал тоа да биде дијалог“, истакнувајќи дека „се работи на тоа“.

Според него, историјата на Колумбија покажува „како реагирала на големи армии“.

„Не станува збор за соочување со голема армија со оружје што го немаме. Ние дури и немаме воздушна одбрана. Наместо тоа, се потпираме на масите, нашите планини и нашите џунгли, како што отсекогаш сме правеле“, објасни колумбискиот претседател.

Во изјава за Би-Би-Си, Петро рече дека САД ги третираат другите нации како дел од американската „империја“, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена акција.

По американските напади врз Венецуела и апсењето на претседателот на таа земја, Николас Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, Трамп рече дека воената операција насочена кон Колумбија „звучи добро“ и постојано го предупредува Петро да „внимава“.

„САД ризикуваат да бидат трансформирани од доминација над светот во изолација од светот“, рече лидерот на Колумбија.

Трамп и Петро разговараа по телефон во среда вечерта, по што Трамп рече дека ќе се сретне со својот колумбиски колега во Белата куќа во „блиска иднина“. Тој го опиша разговорот со Петра како „голема чест“.

Колумбиски функционер тогаш рече дека разговорот одразува промена од 180 степени во реториката „од двете страни“.

Петро изјави за Британската јавна служба дека разговорот траел нешто помалку од еден час.

„Поголемиот дел од разговорот го водев јас, а се однесуваше на трговијата со дрога во Колумбија, ставот на Колумбија кон Венецуела и она што се случува низ Латинска Америка во однос на САД“, рече тој.

Петро остро ги критикуваше неодамнешните мерки на САД за имиграција, обвинувајќи ги агентите на американската Служба за имиграција и царина (ИЦE) дека се однесуваат како „нацистички бригади“.

„ИЦE достигна точка каде што повеќе не само што ги прогонува Латиноамериканците на улиците, што е навреда за нас, туку и ги убива граѓаните на САД. Ако ова продолжи, наместо САД да доминираат во светот, империјалниот сон - САД ќе станат изолирани од светот. Империјата не е изградена со изолација од светот“, истакна Петро.

Тој додаде дека со децении САД ги третирале другите влади, особено во Латинска Америка, како дел од својата империја без оглед на законот, а особено ја критикуваше политиката на Трамп кон Венецуела, која ја нарече воинствена и мотивирана од желбата за контрола на фосилните горива.

Според него, војните „за нафта и јаглен“ водат до дестабилизација и војни во Латинска Америка, вклучително и Венецуела.

Петро потврди дека разговарал и со Делси Родригез, вршителка на должноста претседател на Венецуела и поранешен потпретседател и министер за нафта, и ја поканил во Колумбија.

Тој рече дека Венецуела „долго време е предмет на мешање од страна на разни разузнавачки агенции“, додавајќи дека, иако таквите агенции имаат дозвола да работат во Колумбија, тоа е исклучиво за борба против трговијата со дрога.

Тој ги осуди обидите за, како што ги нарече, други „тајни операции“ во Колумбија.

По операцијата во Венецуела, Трамп го опиша Петро како „болен човек кој сака да прави кокаин и да го продава на САД“, додавајќи: „Тој нема да го прави тоа уште долго“.

Петро ги негираше тврдењата, велејќи дека „одамна е докажано дека не сум бил вклучен“.

„Дваесет години се борам против нарко-картелите, по цена моето семејство да мора да оди во егзил“, рече тој.

Поранешен герилец, Петро водеше стратегија на „целосен мир“ откако ја презеде функцијата, давајќи приоритет на дијалогот со вооружените групи. Критичарите велат дека пристапот бил премногу благ, а производството на кокаин достигнало рекордни нивоа, пишува Би-Би-Си.

На прашањето што тргнало наопаку и дали ја презема одговорноста, Петро рече дека растот на одгледувањето кока се забавува и опиша „два истовремени пристапи“.

„Едниот, мировни преговори со групи кои се бандити. И другиот, развивање воена офанзива против оние кои не сакаат мир“, прецизираше тој.

Тој рече дека преговорите се водат на југот на Колумбија, „каде што има најголемо намалување на одгледувањето листови од кока“ и „каде што стапката на убиства во Колумбија е најмногу намалена“.

„Политиката на дијалог имаше за цел деескалација на насилството. Ние не сме будали, знаеме со кого преговараме“, рече претседателот на Колумбија.

Повеќе
Фон дер Лајен: Враќањето кон руските извори на енергија би било стратешка грешка
Убиени над 1.200 лица, меѓу кои и деца, во напади со дронови во операциите против бандите на Хаити
Два дрона паднаа во близина на аеродромот во Дубаи, повредени четири лица
Кина не ги одобрува нападите врз цивилите и земјите  од Персискиот Залив
Франција тројно ќе ја зголеми хуманитарната помош за Либан, ќе испрати 60 тони залихи
Два танкери погодени во Ормускиот залив, не е познато кој ги испалил проектилите
Индискиот највисок суд дозволи прва смрт со пасивна еутаназија
Уништени 16 ирански бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец
Војната на Блискиот Исток нема да го попречи преземањето на НИС
Белата куќа негира дека американската морнарица придружувала танкер низ Ормускиот теснец
Најмалку 16 загинати лица во новите израелски напади низ Либан
Ердоган ја поздравува Туркије како модел на верска слобода, предупредува против исламофобијата
Виткоф: Ќе и веруваме на Русија  дека не споделува разузнавачки податоци со Иран
Гутереш ќе отпатува во Туркије по повод светиот муслимански месец Рамазан
Ердоган до Зеленски: Конфликтот во Иран да не биде пречка за мировните преговори за Украина