| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Дваесетгодишник од Мала Речица се заканувал со тероризам, уапсен по тревога од ФБИ
Осомничениот преку апликацијата Дискорд се заканил дека ќе изврши напад со „Калашников“, појаснувајќи дека е со нарушено психичко здравје, а инспириран од масакрот во училиште во САД во 2012 година, кога Адам Ланза застрела 26 лица, од кои 20 деца
Дваесетгодишник од Мала Речица се заканувал со тероризам, уапсен по тревога од ФБИ
Заканите на Дискорд ги забележале од ФБИ, кои ја алармирале македонската полиција / Reuters
20 февруари 2026

Дваесетгодишник од Мала Речица бил уапсен поради закани за тероризам преку социјалната апликација Дискорд, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесетгодишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.

„Осомничениот на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација Дискорд испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје - автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад, му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Адам Ланза, дваесетгодишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца. По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на Дискорд профилот што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот“, рекоа од ОЈОГОКК.

По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.2.2026 година под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и асистенција на САЕ Тигар извршиле претрес на домот на осомничениот во Мала Речица.

„При претресот кај осомничениот се пронајдени и одземени секира, пет ножа со различна должина, телескоп, седум Ајфон мобилни телефони и компјутер. Исто така, од таткото на осомничениот е одземен пиштол за кој поседува дозвола и повеќе парчиња муниција. Останатото пронајдено оружје- пиштол и автоматска пушка, дедото на осомничениот ги поседувал без дозвола и за него е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, соопшти обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и со Решение мерката е определена во траење од 30 дена.

Повеќе
Ирското претседателство на ЕУ со приоритет на односите со САД
Европа бара нови платни системи за да ја намали зависноста од САД
ЕУ ја додава Иранската револуционерна гарда на листата на терористи, замрзнува средства
Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да бидат водени од добрососедството и конструктивната соработка
Лавров ја потврди поддршката за преговари во услови на тензии меѓу САД и Иран
Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети
Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран
Воена помош од Шведска за Украина вредна 1,4 милијарди долари