| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Русија соопшти дека извршила одмазднички напад врз украинска воздухопловна база
Покрај тоа, биле нападнати и производствени капацитети за оружје и воена опрема, монтажни погони за беспилотни летала, како и магацини за муниција, оружје и воена техника, се додава во соопштението на руското министерство за одбрана
Русија соопшти дека извршила одмазднички напад врз украинска воздухопловна база
Соопштено е дека во нападите било користено прецизно воздушно оружје со долг дострел / Reuters
9 јуни 2025

Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека синоќа извршиле масовен напад врз воздухопловната база Дубно во украинскиот регион Ривне, каде што, како што велат, биле сместени тактички воени авиони.

Во соопштението се наведува дека во нападите било користено прецизно воздушно оружје со долг дострел, како одговор на, како што ги нарекуваат, „терористичките напади“ што ги извршил Киев врз руски воени аеродроми.

Покрај тоа, биле нападнати и производствени капацитети за оружје и воена опрема, монтажни погони за беспилотни летала, како и магацини за муниција, оружје и воена техника, се додава во соопштението.

„Целите на нападите се постигнати. Сите зададени цели се погодени“, соопшти Министерството.

На 1 јуни украинските безбедносни служби објавија дека извршиле напад врз руските стратегиски воздухопловни сили и оштетиле повеќе од 40 руски воени авиони, вклучително и тешки бомбардери А-50, Ту-95 и Ту-22 М3, способни за носење нуклеарно оружје.

Во меѓувреме, руските сили напредувале по целата линија на фронтот, се вели во соопштението на Министерството.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека, според извештајот на главниот командант Олександр Сирски, ситуацијата во регионот Доњецк, како и по должината на украинската граница во регионите Суми и Харков, е „многу тешка“.

Повеќе
Бројот на жртви во пожарот во трговски во Пакистан се искачи на 67
Трамп: Ќе дојде ли НАТО да ја брани јужната граница на САД
Туркије: Во Сирија уништени тунели во должина од 752 километри
Трамп: Се работи на договорот за Гренланд, тој ќе биде исклучително добар за САД
Ердоган му рекол на Пезешкијан дека Туркије се спротивставува на странска интервенција во Иран
Трамп ја потпиша повелбата на Одборот за мир
Четири нови е-услуги од ФЗОМ достапни за граѓаните и компаниите преку uslugi.gov.mk
Трамп: Имавме многу добар состанок со Зеленски за крај на војната
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе биде отворен во двата правца
Стаб: Русија не победува на военото поле во Украина
Словенија се воздржува од приклучување кон мировниот одбор за Газа, поддржан од САД
НАТО: Руте не даде никакви компромиси за суверенитетот на Гренланд
Виткоф: Преговорите за решение на украинската војна се при крај
Привремената претседателка на Венецуела ќе ги посети Соединетите Американски Држави
Трамп ќе ја објави и потпипше Повелбата на Комитетот за мир