| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Според веста што ја објави американскиот магазин Политико, која се базира врз тројца неименувани високи функционери со познавање на ова прашање, наскоро може да заврши должноста на Маск во Кабинетот на Трамп
Трамп очекува наскоро Маск да се повлече од Белата куќа
Маск може наскоро да се повлече од Белата куќа / Reuters
2 април 2025

Лица блиски на американскиот претседател Доналд Трамп тврдат дека тој им рекол оти Илон Маск, американскиот милијардер кој е директор на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), ќе ја напушти функцијата наредните недели, известува Анадолу.

Според веста што ја објави американскиот магазин Политико, која се базира врз тројца неименувани високи функционери со познавање на ова прашање, наскоро може да заврши должноста на Маск во Кабинетот на Трамп.

Во веста се наведува дека американскиот претседател Трамп, кој лично бил задоволен од настапот на Маск, се согласил со Маск дека е време тој да се врати на сопствениот бизнис.

Трамп им рекол на своите блиски, вклучително и на некои членови на кабинетот, дека бизнисменот милијардер Маск, негов советник и шеф на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), ќе ја напушти функцијата наредните недели.

Маск ќе продолжи да има неформална улога на советник и повремено лице околу Белата куќа, истакнало едно официјално лице. Друг функционер изјавил дека Маск ќе продолжи да биде во најтесниот круг на Трамп.

Овој функционер рекол дека Маск, кој моментно работи во 130-дневен привремен статус како „специјален вработен во Владата“, најверојатно ќе ја напушти работата на крајот на овој период што ќе заврши на почетокот на јуни.

Повеќе
Туркије го поздрави прекинот на огнот во Сирија и повика на трајно решение
Врнежи од снег во поголем дел од државата, сообраќај во зимски услови и лизгави коловози
Телефонски разговор Ердоган – Трамп за Сирија и Газа
Шефот на УНРВА ги отфрли израелските тврдења за сопственост врз комплексот во Источен Ерусалим
Израелскиот премиер Нетанјаху ја прифати поканата на Трамп да се приклучи на предложениот „Одбор за мир“ за Газа
Авионот на Трамп се врати во САД поради „електричен проблем“ на пат кон Давос
Екс јужнокорејскиот премиер Хан осуден на 23 години затвор
Франција бара вежби на НАТО околу Гренланд, но Трамп не се откажува
Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потребата од електрична енергија
Сирија: ЈПГ/СДФ ги користеле затворениците од ДАЕШ за уцена да го одложат договорот од 10 март
Мицкоски од Давос: Повторно треба да ги рестартираме сите заборавени енергетски проекти
Лавров: Британија повеќе не треба да го има зборот „Велика“ во своето име
Индија ја обвинува Полска дека поттикнува „терористичката инфраструктура“ во Јужна Азија
Европскиот парламент поделен околу предлогот за недоверба на ЕК заради договорот со Меркосур
Израел ги руши објектите во седиштето на УНРВА во окупираниот Источен Ерусалим