| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Дурмиши: Засега нема потреба од мерки за цените на храната
„Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декеври цените во делот на храната и пијалаците се намалени за 0,4 проценти.“
Дурмиши: Засега нема потреба од мерки за цените на храната
Дурмиши: Засега нема потреба од мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме / Others
15 јануари 2026

Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки. 

Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. 

„Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декеври цените во делот на храната и пијалаците се намалени за 0,4 проценти. Убеден сум дека овој тренд ќе продолжи и оваа година“, изјави Дурмиши. 

Минатата година, како што посочи, направени се повеќе од 20 илјади контроли и изречени се 2,5 милиона евра глоба за оние трговци што се однесувале девијатно и ги зголемиле цените без економска оправданост.

„Мислам дека има повеќе контрола и се работи како што треба“, рече Дурмиши.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: САД ја прекинуваат целата трговија со Шпанија
Повеќе од 50.000 американски војници вклучени во американско-израелските напади врз Иран
Експлозии се слушаат низ Дубаи во нова серија пресретнати ирански напади
Трамп призна дека нафтата поскапува, но ќе се стабилизира по крајот на конфликтот
Ердоган: Туркије е непоколеблива во промовирање на мирот и стабилноста на регионот
Руте: Безбедноста на Западен Балкан останува приоритет за НАТО
Министерство за енергетика: Државните нафтени резерви се стабилни
Затворањето на Ормутскиот теснец ќе ги зголеми трошоците за нафта, гас и транспорт
Руте ја пофали улогата на Северна Македонија во зачувувањето на стабилноста на регионот
Фидан одржува интензивни дипломатски разговори во услови на офанзива на САД и Израел врз Иран
Eдна третина од жените во ЕУ жртви на физичко и сексуално насилство
МААЕ потврдува штета на зградите во иранскиот погон за збогатување ураниум Натанц
Цените на нафтата пораснаа за 6% поради влијанието на конфликтите на Блискиот Исток
Зеленски во екот на застојот на преговорите: Никогаш нема да го напуштам Донбас
ОН: Израел ги суспендира хуманитарните движења во Газа